ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
Претседател на ДОМ. Родена на 24.5.1956 година во Прилеп. Македонка. Инженер технолог, магистер по технички науки. Беше пратеник и во парламентарниот состав од 2002 до 2006 и потпретседател на Собранието на РМ.
Активности во Собранието
- Совет на Собранискиот канал, член
- Комисија за надворешна политика, член
- Комисија за европски прашања, заменик претседател
- Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, претседател
- Комисија за локална самоуправа, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија, заменик член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји: Естонија, Летонија и Литванија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член