ВАСКО ШУТАРОВ
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 9.6.1964 година во Кавадарци. Македонец. Дипломиран политиколог.
Активности во Собранието
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за надворешна политика, член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
- Комисија за култура, претседател
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Комисија за европски прашања, заменик член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Медитеранот, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член