
|
|
Четврток, 23 мај 2013 година, Стразбур Дебатата резултираше со усвојување на Завршни препораки, каде парламентарците побараа од Советот на ЕУ да и определи на земјата датум за пристапни преговори со Европската унија, имајќи го предвид барањето на Советот до Европската комисија од декември 2012 година, како и минатите резолуции на Европскиот парламент за Извештајот за напредокот на земјата. Парламентарците го поздравија Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој обезбеди добра платформа за враќање на реформите и на ЕУ агендата во фокусот на јавните дискусии и претставуваше значаен катализатор за спроведување на реформи помеѓу Република Македонија и Европската комисија и заедничките заложби кои обезбедија вредна поддршка на процесот на пристапување на земјата, со фокусирање на клучните реформски приоритети  |
|  | |
Четврток, 23 мај 2013 година, Стразбур Единаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 22 и 23 мај 2013 година во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република, каде учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја и г. Андреј Петров, потпретседатели на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, членови на делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член на делегацијата  |
|  | |
Четврток, 23 мај 2013 година Со 505 гласа „за“, 61 „против“ и 31 „воздржани“, Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година. При гласањето се усвоени само дел од предложените амандмани поднесени по Резолуцијата  |
Четврток, 23 мај 2013 година Делегацијата од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања; г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија; г. Миле Пачемски и г. Орхан Ибраими, членови на Комисијата за европски прашања, денеска, за време на билатералната посета на Република Косово, остварија работни состаноци со претседателот на Парламентот на Република Косово, г. Јакуп Красниќи; со Комисијата за европски прашања на Косовскиот парламент; со министерот за евроинтеграции, г-ѓа Влора Читаку и со претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага  |
|  | |
Четврток, 23 мај 2013 година Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија, на денешната 4. седница, како матично работно тело, ја разгледа Иницијативата за одржување на надзорна расправа на тема: „Имплементација на процесот на децентрализација“.  |
Четврток, 23 мај 2013 година Вчера, во Европскиот парламент, се дебатираше за Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а денеска ќе се гласа по истиот. Во својот говор, речиси сите европратеници побараа нашата земја веднаш да добие датум за преговори.  |
Среда, 22 мај 2013 година Денеска попладне, Европскиот парламент, во рамките на својата пленарна седница во Стразбур, ќе дебатира по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а утре ќе се гласа по истиот  |
Вторник, 21 мај 2013 година Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и осма седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа  |
Вторник, 21 мај 2013 година Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, денеска во Брисел, ќе одржат состанок на Советот за општи работи на Унијата (ГАК), каде на дневен ред е и прашањето дали да испратат покана до Европскиот совет на Самитот на 27 и 28 јуни.  |
|
|
| За денешниот ден - петок, 24 мај 2013 год. нема закажано пленарни седници и седници на работни тела |
Понеделник, 27 мај 2013 год. 11,00 часот, Сала Борис Трајковски Понеделник, 27 мај 2013 год. 11,00 часот, Сала на Влада Вторник, 28 мај 2013 год. 11,00 часот, Сала Борис Трајковски Вторник, 28 мај 2013 год. 13,00 часот, Сала Борис Трајковски Вторник, 28 мај 2013 год. 14,00 часот, Сала на уставна комисија | | 12» |
Среда, 29 мај 2013 година |
|