Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


 

КАРОЛИНА РИСТОВА

 

 

 



РОДЕНА: 30.09.1970, Радовиш, Република Македонија;

ОБРАЗОВАНИЕ:

  • 1994 - Дипломиран правник (правосудна насока), Правен факултет-Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј;
  • 1996 (Јули-Август) - Хашка Академија за меѓународно право (меѓународно јавно право), Хаг, Холандија (уверение за посетување);
  • 1998 - (Јули -Август) - Универзитетска програма за транснационално право на Правен факулет на Универзитетот Дјук (САД) и Правен факултет на Универзитетот во Женева (Швајцарија): (уверение за положени испити: Меѓународно кривично право, Компаративно уставно право, Вовед во американското право);
  • 2000 -Магистар по меѓународно и компаративно право (со почесна деноминација"со истакнување"), Правен факултет, Универзитет Џорџтаун, Вашингтон, САД; (Магистерска теза: "Правните аспекти на проширувањето на ЕУ и Балканските држави");
  • Во тек: Магистерски студии од областа на правно-политичките и политичките науки со одобрен магистарски труд на тема: "Феминистичките теории за политиката" на Правниот факултет "Јустинијан Први", Универзитет Св. Кирил и Методиј;

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:

(1995-1998) - Демонстратор (1998-2002 / тековно во мирување) и помл. асистент на Правниот факултет "Јустинијан Први" на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"; Преку 15 објавени стручни и научни трудови во домашни и странски научни публикации (вклучително и од издавачката куќа Oxford University Press) во областа на научен и истражувачки интерес: меѓународно и компаративно право, право на ЕУ, правна и политичка теорија/филозофија, женски студии; Учество на над 10-ина научни и стручни семинари во земјата и странство.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА:
    Партиска кариера:

  • 992-1995: Член на Извршниот одбор на СДММ (сектор за женски прашања; меѓународна соработка);
  • 1993-1995: Член на ЦО и Претседателство на СДСМ;
  • 1998-2002: Член на ЦО на СДСМ; Член на Комисијата за меѓународна соработка на ЦО СДСМ;
  • 2002- тековно: Член на ЦО СДСМ и член на Претседателството на ЦО СДСМ (по функција);
  • 2003-тековно: В.Д. Меѓународен Секретар на СДСМ;

АНГАЖМАНИ И ФУНКЦИИ ВО ЛОКАЛНАТА И ЦЕНТРАЛНАТА ДРЖАВНА ВЛАСТ:

  • 1996- Кандидат на листата за советници за Советот на Општината К. Вода, локални избори (неизбрана);
  • 1996-2000: Надворешен член на Комисијата за статутарно-правни прашања на Советот на К.Вода (преставник на СДСМ);
  • 2000-2002: Член на Советот на Град Скопје (Претседател на Комисијата за :меѓународна соработка, член на Комисијата за правни прашања);
  • 2002-2006: Пратеник во Собранието на Р.М (пратеничка група на СДСМ; известител на пратеничката група за надворешна политика и евроинтегрции);
  • Собраниски комисии: претседател на Комисијата за европски прашања (2003-тековно); Комисија за надворешна политика (2002-тековно); Заменик-претседател на Комисијата за уставни прашања(2002-тековно); Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните (2002-2003);
  • Собраниски делегации: Член во Делегација во Интерпарламентарната Унија (2002-тековно); Потпретседател на Делегацијата за соработка со Европскиот парламент (2002-2003);

ЈАЗИЦИ: Македонски, Српски/Хрватски, Англиски, Германски (пасивно);