Среда, 2 септември 2015 година

ПОСЕТА НА Г. АРЛЕМ ДЕЗИР, ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ПРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА

Во рамките на посетата на Република Македонија, од страна на  француската Делегација, составена од  г. Арлем Дезир, државен секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи и Меѓународен Развој на Република Франција,  и  пратеникот и претседател на  парламентарната група за пријателство со Франција, г. Филип Дурон,  во придружба на  француската амбасадорка во Република Македонија, г-ѓата  Лоренс Оер денес во Собранието на Република Македонија, беше одржана заедничка средба на делегацијата со членовите на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за надворешна политика. 

повеќе...

 

Среда, 2 септември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА 

Националниот совет за евроинтеграции заедно со Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија денеска одржаа јавна расправа по Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е дел од Анексот 2 кој е составен дел на Мислењето на Националниот совет за евроинтеграции за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2015 година, кое Советот со консензус го усвои на седницата одржана на 12 март годинава.

повеќе...

 

Четврток, 3 септември 2015 година

ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 43. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот.

повеќе...

 

Четврток, 3 септември 2015 година

АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ НА СОСТАНОК НА МOНИТОРИНГ-КОМИСИЈАТА ВО САРАЕВО

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски, во својство на потпретседател, ќе учествува на состанокот на Мoниторинг-комисијата, кој ќе се одржи на 3 и 4 септември 2015 година, во Сараево, Босна и Херцеговина.

На состанокот членовите на Комисијата, зад затворени врати, ќе го разгледуваат Извештајот за напредокот на мониторинг-постапката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за периодот од октомври до август 2015 година. 

повеќе...

 

Петок, 3 јули 2015 година

ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 

Од 6 до 9 јули во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, во чиј фокус ќе бидат справувањето со мигрантите, должничката криза на Грција и започнувањето на претседавањето на Луксембург со Советот на Европската унија.

На агендата ќе се најдат и трговското партнерство со САД, Предлог-буџетот на ЕУ за 2016 година, програмата за работа на Еврокомисијата за идната година, Годишниот извештај за човековите права во светот за 2014 година, мерките за поефикасна економија, вработувањето и европската соседска политика.

повеќе...