ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
РОДЕНА НА: 24 Мај 1956 година
ОБРАЗОВАНИЕ:
-дипломиран инженер технолог, Технолошко-металуршки факултет во Скопје (органска хемија)
-магистар по технички науки, Технолошко-металуршки факултет во Скопје.
РАБОТНО ИСКУСТВО:
-1982 - 1993 во фабриката Алкалоид (во Институтот за истражување и развој и во Секторот за маркетинг);
-1993 - 1998 во приватна фирма;
-1999 - 2002 во Градот Скопје (советник на Градоначалникот за планирање и развој).
ПОЛИТИЧКО ИСКУСТВО:
-1996 - 1998 советник во советот на Град Скопје и координатор на советничката група на ЛДП;
-1998 - 1999 заменик министер за развој;
-2002 пратеник во Собранието на Република Македонија;
- 2003 потпретседател на Собранието на Република Македонија. ДРУГИ АНГАЖМАНИ
-активист во женското движење и координатор на Македонското женско лоби (застапник за повеќе жени во политиката и во јавниот живот, како и за подобрување на положбата на жената во општеството);
-член на Советодавниот одбор на работната група за полова рамноправност (Гендер Таск Форце) на Пактот за стабилност за ЈИЕ;
- член на советодавниот одбор на Линк Диверсити (регионален проект за подобрување на меѓуетничката соработка);
- застапник за јакнење на цивилниот сектор преку соработката со невладини организации (хендикепирани лица, зависници од дрога, стари лица, талентирани лица, заштита на животна средина и др.)
- соработка со меѓународни организации и институции на полето на јакнење на мирот и меѓуетничката толеранција, како и на економскиот развој.
НАГРАДИ:
-републичка награда за иноваторство и две награди за технички унапредувања во "Алкалоид";
-признанија и благодарници за соработка од повеќе невладини организации
ЈАЗИЦИ:
-англиски и словенечки
САШО БОГДАНОСКИ
СОЊА ЛЕПИТКОВА
Член на ЛДП Родена 1963 година во Пробиштип, РМ. Македонка. Доктор на науки. Доцент на рударско - геолошкиот факултет во Штип. Професор на Катедрата за геохемија, петрологија и минералогија по предметот геохемија. Се служи со англиски, а учи француски јазик. Живее во Пробиштип.