Пратеници



 

 

Сузана Салиу

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Контакт информации:

Кат 1, соба бр.145
Директен  тел:  02/3 112 324
Локал:  300
Е-пошта:  s.saliu@sobranie.mk

Родена: 24.2.1960 година, Сарај, Скопје

Етничка припадност:  Албанка

Јазици:  англиски

Образование:

- основно образование:  „Борис Кидрич” (денес  „Дитуриа“), Сарај
- средно образование:  „Зеф Љуш Марку” , Скопје
- високо образование: Правен факултет во Приштина (1984)
- постдипломски студии: магистер по правни науки на тема : „Омбудсман - европските искуства и искуствата во Македонија”, Правен факултет во Приштина, 2008 год.

Публикации: 22 објавени трудови (колумни), поврзани со човековите права

Работно искуство:

1984 - новинар во весникот „FLAKA“, како и дописник и соработник на неколку дневни весници на албански јазик;

1997-2006 – заменик на народниот правобранител на Република Македонија;

2006 – ангажирана во Невладиниот сектор како потпретседател и член на бордот на невладината организација  „Транспарентност -  нулта корупција“ ( денешна „Transparency International – Македонија” ) – членка на меѓународната организација против корупцијата „Transparency International”  со седиште во Берлин, каде исто така го водеше проектот ALAC  (Центарот за застапување и правни совети), поддржан од МНР на Германија;

2009-2011 – јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство - Скопје и член  на УО на Академијата за судии и јавни обвинители;

2011 - избрана за пратеник, од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) - 25 јуни 2011;

На седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 12 јули 2011 година, е избрана за потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Учество во научно-истражувачки проекти:

  • Потреба од следење на судските предмети од областа на корупцијата. Во коавторство со проф.д-р Љупчо Арнаудовски и проф. д-р Слаѓана Тасева, издадено од Коалицијата „Сите за правично судење”, во соработка со „Транспарентност -  нулта корупција”, Скопје 2007;
  •  „Човековиот дигнитет во темелите на секое општество („Dinjiteti i njeriut në themelet e cdo shoqërie“), „Човекови права како демократска вредност“ („Të drejtat e njeriut si vlerë demokratike“), Скопје – 2003;
  • „Народниот правобранител значаен заштитник на правата на граѓаните“ - Скопје, ACTA lingua geographica, 2006 („Avokati I Popullit mbrojtës i rëndësishëm i të drejtave të qytetarve“ – Shkup,  ACTA lingua geographica, 2006)

Активности во Собранието на Република Македонија:

  • Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, претседател
  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член
Click