СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Четврток, 27 септември 2018 година

Почеток на скрининг-процесот за преговорите меѓу Република Македонија и ЕУ

Делегација од Република Македонија, составена од 43 претставници на министерства и институции, денеска во Брисел го започнува скрининг-процесот како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство на нашата земја во Европската Унија.

Европската комисија овие два дена ќе го презентира првото од 33-те поглавја, односно поглавјето 23, во делот на правосудство и фундаментални права, кое вклучува ефикасност и непристрасност на судството, антикорупција, спречување тортура, затворски систем, слобода на изразување, слобода на здружување, родова еднаквост, антидискриминација и сл.

Оваа прва фаза, која се одвива заедно со Република Албанија, е всушност објаснувачки скрининг, во кој претставниците на Унијата ќе ги објаснат обврските од членството. Втората фаза, пак, е билатерален скрининг помеѓу земјата која пристапува и земјите членки.

Процесот е предвидено да заврши во јуни 2019 година, како би започнале преговорите за приклучување на Република Македонија во големото европско семејство.