СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вторник, 9 октомври 2018 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Виена

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Ејуп Аљими координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и г. Горан Милевски копретседавач со Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија - Европска Унија ќе учествуваат на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на Заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи од 10 до 12 октомври 2018 година во Виена, Република Австрија.

На Интерпарламентарната конференција ќе се отвори дебата за имплементацијата на приоритетите на австриското претседателство со Советот на Европксата Унија, за што свое обраќање ќе има г-ѓа Федерика Могерини, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и голем број министри од Република Австрија и претставници од Европскиот парламент, Европската Комисија и земјите членки на Европската Унија. 

Според агендата, предвидена е расправа за значајни и актуелни прашања како: безбедност, миграција и контрола на надворешните граници на ЕУ, отпор против американските санкции кон Иран - со договор за денуклеаризација на иранската држава, европски перспективи за Западен Балкан, Европа во глобален контекст, начини на зајакнување на одбраната во Европската Унија и други ЕУ актуелности.