СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Понеделник, 11 декември 2017 година

Јавна расправа на тема: „70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“

Постојаната  анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија ја одржа Третата седница во соработка со Канцеларијата на ОН со следниот дневен ред: Јавна расправа на тема: “70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“

Покрај членовите и замениците членови на Комисијата на седницата беа поканети сите пратеници на Собранието на Република Македонија, претставници на Владата, министерствата и владините органи и агенции, локалните власти, судската власт, независните национални институции за човекови права, граѓанските здруженија и активисти за човекови права, струкови здруженија и синдикати, бизнис заедницата, МАНУ, медиумите, канцелариите на меѓународните и регионалните организации во земјава и амбасадите и нивните агенции за развој.

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отворија: Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Луиза Винтон, постојана координаторка на Обединетите нации.

На расправата дискутираа пратениците: Никица Корубин, Кети Смилеска, Мирсада Емини - Асани и Реџаиљ Исмаили, како и претставниците на институциите и невладините организации: Ахмет Елезовски од Националниот ромски центар, Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Антонио Михајлов од Субверзивен фронт, Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права, Велка Лукиќ од Здружението на медицински сестри и акушерки, Џенифер Џеладин од Инститот за човекови права, Џелал Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Неда Чаловска Димовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика и Мирослав Драганов од Инститот за човекови права.

На јавната расправа се отвори дискусија за тоа како се применуваат принципите на Универзалната декларација на правата на човекот кај нас, каков ни е напредокот во областа на човековите права во овие 70 години од нејзиното усвојување и кои предизвици ни претстојат.