СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вторник, 19 декември 2017 година

Обраќање на пратеникот Груби на конференција на Прогрес Институтот

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, учествуваше  на Конференција на тема: „Патот на Република Македонија - нов почеток, враќање на патот кон ЕУ и пример за градење добри односи во регионот", во организација на Прогрес Институт за социјална демократија.

Конференцијата беше концепирана во три панел дискусии со 10 воведничари.

Воведно обраќање во рамките  на првиот панел посветен на реформите и политиките за градење на доверба во Македонија имаа г. Груби заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и г. Сашо Ордановски, политички аналитичар.

Во прилог воведното обраќање на претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби.