СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Среда, 17 јануари 2018 година

Средба на пратеничката Ременски со чешкиот амбасадорТоман

Денеска во Собранието на Република Македонија пратеничката и претседателка на Комисијата за одбрана и безбедност, г-ѓа Фросина Ташевска - Ременски оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, г. Мирослав Томан и заменик-амбасадорот г. Јосеф Брож.

На средбата се разговараше за повеќе теми од областа на евроатлантските интеграции на Република Македонија, поддршката која Република Чешка ја дава на Република Македонија кон пристапувањето и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, како и за поддршката во областа на безбедноста и справувањето со бегалската криза.

Соговорниците се согласија дека  од особена важност е да се развиваат и унапредуваат пријателските односи на сите нивоа, а парламентарната соработка e инструмент кој дава одлична можност за тоа.