Вторник, 18 декември 2018 година

ПОТВРДЕНА ПОДДРШКАТА НА САД ЗА ЧЛЕНСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Kоординаторите на Пратеничките групи на Собранието на Република Македонија и претставници на партиите, остварија средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Ј.Саливан, со која претседаваше претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

повеќе...

 

Вторник, 18 декември 2018 година

СВЕЧЕНА ИЗЈАВА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Членовите на Судскиот совет на Република Македонија: Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји денеска дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

повеќе...

 

Вторник, 18 декември 2018 година

РОМАНСКА ПОДДРШКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата, имаше средба со министерот делегиран за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба, во придружба на амбасадорот на Романија во Република Македонија, Н.Е. Виорел Станила. 

повеќе...

 

Вторник, 18 декември 2018 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“

На 21 декември 2018 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2018 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката и се доделува на Марина Костова, публицист, а за остварување во областа на новинарството на Емин Аземи, новинар.

повеќе...

 

Сабота, 8 декември 2018 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, им се доделува на: Кимет Агаи и Аднан Агаи, просветни работници; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Владимир Милчин, режисер, Емилија Стаменковиќ (Џипунова), балетски уметник и Томислав Османли, писател, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува на проф. д-р Борислав Каранфилски, патофизиолог, специјалист по нуклеарна медицина.

повеќе...

 

Петок, 7 декември 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод погребот на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија, на 9 декември 2018 година (недела) од 11:30 до 13:00 часот на Градските гробишта „Бутел“, венец свежо цвеќе ќе положи собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, а составена од потпретседателот Горан Мисовски и координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

повеќе...

 

Вторник, 13 ноември 2018 година

СРЕДБА НА КООРДИНАТОРОТ ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ СО АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА, Н.Е. КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ 

Двајцата соговорници оценија дека македонскиот парламент е исправен пред предизвикот да обезбеди успешно завршување на процесот на уставни промени, коишто ќе значат целосна имплементација на Договорот со Грција. На состанокот беше оценето дека во првата фаза од процесот за уставни измени имаше конструктивна парламентарна дебата, која треба да создаде услови во следната фаза да се зголеми поддршката од страна на пратениците.    

повеќе...

 

Петок, 9 ноември 2018 година

СРЕДБА НА КООРДИНАТОРОТ ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ СО Н.Е. АМБАСАДОРОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ, КЛЕМЕНС КОЈА 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, Томислав Тунтев денеска во Собранието на Република Македонија имаше средба со Н.Е. амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Клеменс Која. Процесот на уставни промени што е отпочнат во Собранието на Република Македонија, формирањето на работното тело за помирување, како и потребата паралелно со овој процес пратениците да работат на реформските законски проекти беа клучните теми на кои се осврнаа двајцата соговорници. 

повеќе...

 

Среда, 19 септември 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО ФРАНЦУСКАТА ПРАТЕНИЧКА ТАНГИ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, имаше средба со Лилијана Танги, пратеничка во Националното собрание на Република Франција и заменик-претседателка на Комисијата за европски прашања, во придружба на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.

повеќе...

 

Среда, 14 ноември 2018 година

НАГРАДАТА „ЛУКС“ ЗА ФИЛМОТ „ЖЕНА ВО ВОЈНА“

Драмата-комедија „Жена во војна“ (Woman at War) на Бенедикт Ерлингсон е добитник на наградата „ЛУКС“ за 2018 година на Европскиот парламент.

повеќе...

 

Петок, 26 октомври 2018 година

„САХАРОВ“ ЗА УКРАИНСКИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР ОЛЕГ СЕНЦОВ

Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов е годинешниот добитник на наградата „Сахаров“ на Европскиот парламент за слобода на мислата. 

повеќе...

 

Четврток, 27 септември 2018 година

ПОЧЕТОК НА СКРИНИНГ-ПРОЦЕСОТ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ

Делегација од Република Македонија, составена од 43 претставници на министерства и институции, денеска во Брисел го започнува скрининг-процесот како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство на нашата земја во Европската Унија.

повеќе...