Вторник, 17 октомври 2017 година, Санкт Петербург

УЧЕСТВО НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 137. СОБРАНИЕ НА ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНАТА УНИЈА

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од м-р Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, учествува на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 14 до 18 октомври 2017 година во Санкт Петербург, Руска Федерација. Во состав на Делегацијата се пратениците: г. Јован Митрески, г. Реџаиљ Исмаили и г-ѓа Јулиана Николова, членови на Делегацијата и г-ѓа Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Македонија.

повеќе...

 

 

Вторник, 17 октомври 2017 година

СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА СО ЕВРОКОМЕСАРКАТА ВИОЛЕТА БУЛЦ

Комисијата за транспорт, врски и екологија одржа средба со еврокомесарката за мобилност и транспорт, г-ѓа Виолета Булц. На средбата присуствуваше и г. Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.

Тема на средбата беше Агендата на поврзување: тековни транспортни реформи и проекти, безбедност на патиштата, општа соработка; Договор за транспортна заедница, очекувања и придобивки. 

повеќе...

 

Петок, 6 октомври 2017 година

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТКИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ                               

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија во соработка со Националниот демократски институт НДИ, денеска организира промоција на кандидатките за градоначалнички на претстојните локални избори во Република Македонија.

повеќе...

 

Понеделник, 16 октомври 2017 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 137. СОБРАНИЕ НА ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНАТА УНИЈА  

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Г. Талат Џафери, ќе учествува на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 16 до 18 октомври 2017 година во Санкт Петербург, Руска Федерација.

Во придружба на претседателот, г. Џафери кој што е шеф на делегацијата, ќе бидат пратениците, г. Јован Митрески, г. Реџаиљ Исмаили, г-ѓа Јулијана Николова и г-ѓа Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Македонија.

повеќе...

 

Вторник, 10 октомври 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2017 година (среда), ќе положат свежо цвеќе во Прилеп, Скопје и Куманово, и тоа:

повеќе...

 

Понеделник, 9 октомври 2017 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“

На 11 октомври 2017 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2017 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

повеќе...

 

Понеделник, 18 септември 2017 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА ЦРНА ГОРА, Г. ПЕЈОВИЌ

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби,  оствари средба со министерот за европски прашања и шеф на преговарачкиот тим за членство на Црна Гора во ЕУ, г. Александар Андрија Пејовиќ.

повеќе...

 

Четврток, 14 септември 2017 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ СО КРИС ХЕНДШОУ

Пратеникот Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на 14 септември 2017 година, одржа средба со Крис Хендшоу, извршен директор на Националниот демократски институт.

повеќе...

 

Четврток, 14 септември 2017 година

СРЕДБА НА ЧЛЕНОВИТЕ И ЗАМЕНИЦИ-ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА СО Г. МАТИЈС ВАН ДЕР ПЛАС

Вчера (13 септември 2017), членовите и заменици-членови, на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, имаа средба со генералниот директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи на   Кралството Холандија, г. Матијс ван дер Плас, кој беше во придружба на г-ѓа Вивијан Сандерс од Директоратот.

повеќе...

 

Среда, 11 јули 2017 година  

САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН 

Денеска во Трст, Италија, е закажан 4. годишен Самит на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, со цел зајакнување на регионалната соработка и унапредување на процесот на евроинтеграција.

Ова претставува можност да се развијат дискусии за развој на инклузивни општества, добро владеење и енергични економии. 

повеќе...

 

Понеделник, 3 јули 2017 година

ЕСТОНИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Од 1 јули Естонија го презеде ротационото претседавање со Европската Унија. Во овој период беше предвидено Велика Британија да биде на чело на ЕУ, но поради „Брегзит“, во наредните шест месеци таа функција ќе ја врши Естонија.

повеќе...

 

Вторник, 28 февруари 2017 година

УСВОЕНА ПРЕДЛОГ-РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2016 година.

повеќе...