Петок, 18 мај 2018 година

ПРАТЕНИЦИТЕ ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА И ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ НА СЕМИНАР „СОСТАНОК НА ЗЕЛЕНАТА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА СО ПРАТЕНИЦИ ОД ЦРНА ГОРА И МАКЕДОНИЈА“ ВО БЕЛГРАД 

Пратеници, членови на неформалната пратеничка зелена група и експерти од областа на оддржливиот развој и заштита на животната средина, заедно со пратениците од Република Македонија, г-ѓа Лилјана Затуроска и г. Хари Локвенец, и од Црна Гора, на 16 и 17 мај 2018 година, во Белград, разменија искуства од областа на заштитата на животната средина и финансирањето во истата, со посебен акцент на процесот на преговарање со Европската Унија. 

повеќе...

 

Четврток, 17 мај 2018 година

СООПШТЕНИЕ НА ИППГ ЗА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЛИЦАТА, ПО ПОВОД 17 МАЈ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ПРОТИВ ХОМОФОБИЈА, ТРАНСФОБИЈА И БИФОБИЈА

На 17 Мај, Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, кој оваа година ширум светот се одбележува под мотото „Сојузништва за солидарност“, Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ја изразува својата солидарност со ЛГБТИ луѓето кои преживеале различни видови стигматизација, дискриминација и насилство.  

повеќе...

 

Среда, 16 мај 2018 година, Сараево

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И КОРУПЦИЈА

Делегација на Собранието на Република Македонија, престaвена од пратеничките Ѓулумсер Касапи, Лилјана Кузмановска и Катерина Кузмановска, вчера учествуваше на регионална средба во Сараево, организирана од Мисијата на OБCE во Босна и Херцеговина, во соработка со канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и ОБСЕ  организацијата за безбедност и соработка во операциите на Европа во регионот, на тема „Родова еднаквост и корупција“. 

повеќе...

 

Петок, 18 мај 2018 година

НАДЗОРНА РАСПРАВА НА КОМИСИЈАТА ЗА КУЛТУРА

Комисијата за култура на својата 14. седница ќе одржи надзорна расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“.

Надзорната расправа ќе се одржи на 22 мај 2018 година (вторник), со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ 10 Скопје. 

повеќе...

 

Четврток, 10 мај 2018 година

ПРАТЕНИЧКАТА СЛАВИЦА ШУМАНСКА-МИТЕВА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БЕЛГРАД

Пратеничката во Собранието  на Република Македонија, г-ѓа Славица Шуманска-Митева, учествува на Конференција на тема: „Преку идејата за ЕУ кон мир и стабилност“, што ќе се оддржи на 11-12 мај во Белград, на покана на  претседателот на Комисијата за европски интеграции на Парламентот на Република Србија, г. Ненад Чанак. 

повеќе...

 

Четврток, 3 мај 2018 година

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 115-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Далибор Богдановски, г. Горан Манојловски и г-ѓа Жаклина Пешевска на 4 мај (петок) во 10.00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

повеќе...

 

Петок, 11 мај 2018 година

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРАТЕНИКОТ РАМЧИЛОВИЌ НА КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ вчера оствари работна посета на Парламентот на Република Косово, на покана на претседателката на Комисијата за човекови права и полова рамноправност, г-ѓа Дуда Баље.

повеќе...

 

Петок, 11 мај 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ПЕТАР АТАНАСОВ СО Г. ЕМАНУЕЛ РЕМБЕР

Претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, г. Петар Атанасов, оствари средба со директорот на Францускиот институт во Скопје, г. Емануел Рембер. 

повеќе...

 

Петок, 4 мај 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ КИТЕВ СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР РОМЕО

Пратеникот Бетиане Китев, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, оствари средба со Н.Е. Карло Ромео, амбасадор на Италија во Република Македонија. 

повеќе...

 

Четврток, 17 мај 2018 година

САМИТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН

Денеска во Софија, Бугарија, се одржува Самитот на Европската Унија и Западниот Балкан, како потврда на посветеноста на ЕУ кон своите партнери од овој регион и неговата припадност на европското семејство.
Самитот има за цел зајакнување на врските помеѓу ЕУ и Западен Балкан во инфраструктурата, дигиталното и човечкото поврзување, односно справување со заедничките предизвици, како што се безбедноста, миграцијата, геополитичките случувања и добрососедските односи.

повеќе...

 

Среда, 18 април 2018 година

МАКЕДОНИЈА СО ПРЕПОРАКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Република Македонија доби позитивен Извештај за напредокот од Европската комисија, која му предлага на Советот започнување на преговори за членство во Европската Унија, со оглед на постигнатиот напредок и остварувањето на реформите.

повеќе...

 

Петок, 9 март 2018 година

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЕДНАКВОСТА МЕЃУ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ НА ЕВРОКОМИСИЈАТА

Европската комисија го одбележа Меѓународниот ден на жената со објавување на Извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените од 2018 година, како и презентација на Извештајот за жените во технологијата. 

повеќе...