Вторник, 20 ноември 2018 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

На дводневната Конференција на Комисиите за европски прашања, која на 18-20 ноември се одржува во Виена, учествува и Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: Шпреса Хадри, Лидија Тасевска и Владанка Авировиќ.

повеќе...

 

Понеделник, 19 ноември 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТОЛЕРАНЦИЈАТА И ИНКЛУЗИВНИТЕ ОПШТЕСТВА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Претседателот и заменик-претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Реџаил Исмаили и Јусуф Хасани, на покана на Советот на Европа - Оддел за антидискриминација, на 14 и 15 ноември учествуваа на Регионална конференција за толеранцијата и инклузивните општеста на Западен Балкан, која се одржа во Подгорица, Црна Гора. 

повеќе...

 

Петок, 16 ноември 2018 година, Мадрид

ОБРАЗОВАНИЕТО, ВРАБОТУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ И ДЕМОКРАТСКИОТ АМБИЕНТ-СИЛЕН ИНСТРУМЕНТ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ОПШТЕСТВА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ 

Вториот ден на Конференцијата е посветен на размената на искуства во борбата против тероризмот, како и потребата за зголемување на поддршката на жртвите од тероризмот во областа на ОБСЕ.

повеќе...

 

Петок, 16 ноември 2018 година

УЧЕСТВО НА КОМИСИЈАТА ЗА КУЛТУРА НА МЕЃУПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИСИСКИ СОСТАНОК ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

На покана од Европскиот парламент, претседателката на собраниската Комисија за култура, Ирена Стефоска, ќе учествува на меѓупарламентарен комисиски состанок на тема „Европско културно наследство“ што ќе се одржи на 19 и 20 ноември во Европскиот парламент во Брисел, Кралство Белгија.

повеќе...

 

Петок, 16 ноември 2018 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во состав: Шпреса Хадри, Лидија Тасевска и Владанка Авировиќ, ќе учествуваат на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија (КОСАК), што ќе се одржи од 18 до 20 ноември 2018 година во Виена, Република Австрија.

повеќе...

 

Сабота, 10 ноември 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од попретседателот Горан Мисовски, а во состав: Татјана Прентовиќ, Илија Николовски, Весна Дамчевска-Илиевска и Нола Исмајлоска-Старова, на 13 ноември 2018 година (вторник), ќе положи венец свежо цвеќе, и тоа: 

повеќе...

 

Вторник, 13 ноември 2018 година

СРЕДБА НА КООРДИНАТОРОТ ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ СО АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА, Н.Е. КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ 

Двајцата соговорници оценија дека македонскиот парламент е исправен пред предизвикот да обезбеди успешно завршување на процесот на уставни промени, коишто ќе значат целосна имплементација на Договорот со Грција. На состанокот беше оценето дека во првата фаза од процесот за уставни измени имаше конструктивна парламентарна дебата, која треба да создаде услови во следната фаза да се зголеми поддршката од страна на пратениците.    

повеќе...

 

Петок, 9 ноември 2018 година

СРЕДБА НА КООРДИНАТОРОТ ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ СО Н.Е. АМБАСАДОРОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ, КЛЕМЕНС КОЈА 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, Томислав Тунтев денеска во Собранието на Република Македонија имаше средба со Н.Е. амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Клеменс Која. Процесот на уставни промени што е отпочнат во Собранието на Република Македонија, формирањето на работното тело за помирување, како и потребата паралелно со овој процес пратениците да работат на реформските законски проекти беа клучните теми на кои се осврнаа двајцата соговорници. 

повеќе...

 

Среда, 19 септември 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО ФРАНЦУСКАТА ПРАТЕНИЧКА ТАНГИ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, имаше средба со Лилијана Танги, пратеничка во Националното собрание на Република Франција и заменик-претседателка на Комисијата за европски прашања, во придружба на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.

повеќе...

 

Петок, 26 октомври 2018 година

„САХАРОВ“ ЗА УКРАИНСКИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР ОЛЕГ СЕНЦОВ

Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов е годинешниот добитник на наградата „Сахаров“ на Европскиот парламент за слобода на мислата. 

повеќе...

 

Четврток, 27 септември 2018 година

ПОЧЕТОК НА СКРИНИНГ-ПРОЦЕСОТ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ

Делегација од Република Македонија, составена од 43 претставници на министерства и институции, денеска во Брисел го започнува скрининг-процесот како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство на нашата земја во Европската Унија.

повеќе...

 

Вторник, 25 септември 2018 година

СЕДУМДЕСЕТ И ТРЕТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ОН

Денеска започнува 73. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, на чие отворање ќе присуствуваат челниците на Европската Унија: претседателот Жан-Клод Јункер; првиот потпретседател Франс Тимерманс, високата претставничка, потпретседателката Федерика Могерини, како и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. 

повеќе...