Петок,  23 февруари 2018 година

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ИНТЕРПАРТИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЛИЦАТА

Денеска Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата во Собранието на Република Македонија одржа конститутивна седница. Целта на групата е да се застапува за заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ лицата во Република Македонија.

За координаторка беше едногласно избрана пратеничката Маја Морачанин од ДОМ, а за заменик-координатор Павле Богоевски, независен пратеник, кои имаа и свои поздравни обраќања.

повеќе...

 

 

Петок,  23 февруари 2018 година, Виена

УЧЕСТВО НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗИМСКАТА СЕСИЈА НА ПС ОБСЕ 

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ), ја одржа својата редовна Зимска сесија на 22 и 23 февруари 2018 година во Виена, Австрија, во која учествуваа над 240 парламентарци од 53 земји учеснички и четири земји партнери на ОБСЕ. На оваа сесија од Собранието на Република Македонија учествуваа г.  Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска, член и г. Фадил Зендели, заменик-член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. 

повеќе...

 

Среда,  21 февруари 2018 година

СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ СО МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

Претседателот и членовите на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија одржаа средба со Стивен Симански, претставник на Меѓународниот монетарен фонд.

повеќе...

 

Петок, 23 февруари 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод одбележувањето на 14-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Илија Николовски, г. Павле Богоевски, г. Далибор Богдановски, г. Драган Данев и г. Горан Манојловски, на 26 февруари 2018 година, (понеделник) во 11.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Алејата на великани, гробишта Бутел.

повеќе...

 

Четврток,  22 февруари 2018 година

КОНСТИТУТИВНА СРЕДБА НА ИНТЕРПАРТИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЛИЦАТА

На 23 февруари 2018 година, во Сала 4, во Собранието на Република Македонија, од 13.00-14.00 часот, ќе биде основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата на Собранието на Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.

повеќе...

 

Четврток,  22 февруари 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗИМСКАТА СЕСИЈА НА ПС ОБСЕ 

Од 22 до 23 февруари 2018 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ на кое ќе учествуваат  пратениците: г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска, член и г. Фадил Зендели, заменик- член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

повеќе...

 

Среда, 21 февруари 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО ШВЕДСКИОТ АМБАСАДОР СТЕФАНСОН

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања и политичките динамики во земјата. Соговорниците се согласија дека новосоздадениот моментум во политичките текови во Република Македонија не смее да се пропушти.

повеќе...

 

Вторник, 30 јануари 2018 година

ГРУБИ-КОБЛЕР: ОПОЗИЦИЈАТА ДА БИДЕ КОНСТРУКТИВНА НАДМИНУВАЈЌИ ГО СВОЕТО МИНАТО

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, г-ѓа Ренате Коблер.

повеќе...

 

Понеделник, 29 јануари 2018 година

ГРУБИ-ЈАНАКАКИС: СИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ ОДОГОВОРНОСТ И ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД РЕШЕНИЕТО

Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, денеска во Собранието на Република Македонија се сретна со амбасадорот на Грција во Скопје, г. Димитрис Јанакакис.

повеќе...

 

Вторник, 2  јануари 2018 година

БУГАРИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Десетгодишнината од своето членство во Европската Унија, Бугарија ќе ја одбележи како претседавач со Советот на Европската Унија.

Нашиот источен сосед ќе претседава под мотото „Силата е во единството“, а вниманието ќе го насочи и кон Западен Балкан.

повеќе...

 

Вторник, 2 јануари 2018 година

ЛЕУВАРДЕН И ВАЛЕТА - ЕВРОПСКИ КУЛТУРНИ ПРЕСТОЛНИНИ 

Европската комисија секоја година, почнувајќи од 1985, одредува почесен домаќин на проектот „Европска престолнина на културата“ со цел да се промовира чувството на заедништво во Европската Унија. Така, холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта - Валета ја добија титулата европски престолнини на културата за 2018 година.

повеќе...

 

Вторник, 21 ноември 2017 година

АКЦИОНЕН ПЛАН НА ЕВРОКОМИСИЈАТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО РОДОВИОТ ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ

Најновото истражување на Евробарометар вели дека родовата еднаквост сè уште не е постигната во земјите членки на Европската Унија. Жените во Европа сè уште се исплаќаат во просек 16,3% помалку од мажите. Родовиот јаз во платите не се намалил во последните години, и во голема мера тоа се должи на фактот што жените имаат тенденција да бидат помалку вработени, во помалку добро платени сектори, помалку промоции, повеќе паузи во кариерата и вршат повеќе неплатена работа.

повеќе...