Вторник, 17 јули 2018 година

ЈОХАНЕС ХАН ДО ПРАТЕНИЦИТЕ: ВИЕ ИМАТЕ СРЕДБА СО ИСТОРИЈАТА, НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ

На третата седница на Националниот совет за евроинтеграции свое обраќање имаше Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија. 

повеќе...

 

Вторник, 17 јули 2018 година

СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ СО ПИТ МАРОКО

Поддршката од САД е континуирана, а единствено размислување на сите политички чинители во земјава е интеграцијата во ЕУ семејството и пристапот во НАТО-алијансата, посочи Китев.

повеќе...

 

Вторник, 17 јули 2018 година

ДВАЕСЕТ И ОСМА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 28. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година.     

повеќе...

 

Среда, 18 јули 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 

По повод Петтата светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Петар Атанасов и г-ѓа Јулијана Николова на 19 јули 2018 година (четврток), во 10.00 часот, пред споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена борец“, Скопје, ќе положи венец свежо цвеќе.

повеќе...

 

Петок, 6 јули 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 27. ГОДИШНА СЕСИЈА НА ПС НА ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска и г. Реџаиљ Исмаили, членови  на Делегацијата, ќе учествува на 27. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 7 до 11 јули 2018 година во Берлин, Сојузна Република Германија. 

повеќе...

 

Понеделник, 25 јуни 2018 година

ПРАТЕНИЧКАТА ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ТИРАНА

Во рамките на Регионалниот проект „Зајакнување на општеството – Техничка помош за јавните медиумски сервиси на Западен Балкан“, финансиран од ЕУ, на 26 и 27 јуни 2018 година во Тирана, Република Албанија, ќе се одржи Конференција за отворање на Регионалниот проект, на тема: „Техничка помош за јавниот медиумски сервис на Западен Балкан“.

повеќе...

 

Среда, 6 јуни 2018 година

СРЕДБА НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА, Г-ЃА ЈИН ЛИКСИАН

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина предводена од г-ѓа Владанка Авировиќ, а во чиј состав беа и г-ѓа Јагода Шахпаска, г-ѓа Анета Симеска-Димоска, г. Агим Шаќири, г-ѓа Весна Пемова и г. Јохан Тарчуловски, вчера остварија средба со кинескиот амбасадор во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан. Средбата се оддржа во новите простории на кинеската амбасада.

повеќе...

 

Понеделник, 4 јуни 2018 година

РАБОТНА СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ 

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Кузмановска и членовите г. Панче Иванов и г. Реџаиљ Исмаили, одржаа средба со г. Метин Хакверди, пратеник и член на Комисијата за финансии, буџетирање и Европската Унија во Бундестагот на Република Германија. Средбата беше остварена на барање на Фондацијата Фридрих Еберт.  

повеќе...

 

Вторник, 22 мај 2018 година

СРЕДБА НА КООРДИНАТОРОТ НА ПГ НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА, Г. ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ СО ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР,  Г. КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, г. Томислав Тунтев денеска имаше средба со амбасадорот на Француската Република во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние. Централна тема на состанокот беше дијалогот „Жан Моне“, што на крајот на минатата недела се одржа во Охрид и унапредувањето на дијалогот меѓу парламентарните партии, во насока на градење на меѓусебна доверба во интерес на ефикасна работа на Собранието на Република Македонија, како и на нејзините граѓани.

повеќе...

 

Четврток, 17 мај 2018 година

САМИТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН

Денеска во Софија, Бугарија, се одржува Самитот на Европската Унија и Западниот Балкан, како потврда на посветеноста на ЕУ кон своите партнери од овој регион и неговата припадност на европското семејство.
Самитот има за цел зајакнување на врските помеѓу ЕУ и Западен Балкан во инфраструктурата, дигиталното и човечкото поврзување, односно справување со заедничките предизвици, како што се безбедноста, миграцијата, геополитичките случувања и добрососедските односи.

повеќе...

 

Среда, 18 април 2018 година

МАКЕДОНИЈА СО ПРЕПОРАКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Република Македонија доби позитивен Извештај за напредокот од Европската комисија, која му предлага на Советот започнување на преговори за членство во Европската Унија, со оглед на постигнатиот напредок и остварувањето на реформите.

повеќе...

 

Петок, 9 март 2018 година

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЕДНАКВОСТА МЕЃУ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ НА ЕВРОКОМИСИЈАТА

Европската комисија го одбележа Меѓународниот ден на жената со објавување на Извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените од 2018 година, како и презентација на Извештајот за жените во технологијата. 

повеќе...