Среда,  21 февруари 2018 година

СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ СО МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

Претседателот и членовите на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија одржаа средба со Стивен Симански, претставник на Меѓународниот монетарен фонд.

На средбата беа разменети мислења за фискалните цели, фискалната одговорност и фискалната транспарентност во Република Македонија, како и за заложбите за формирање на Фискален совет.

повеќе...

 

 

Среда, 21 февруари 2018 година 

ЕДИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 11. седница, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа:

• Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, поднесен од пратениците Диме Велковски, Ејуп Алими и Томислав Тунтев;

• Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка.

повеќе...

 

Понеделник, 19 февруари 2018

УЧЕСТВО НА ПРАТЕНИЦИТЕ КОСТАДИНОВ И ИСМАИЛИ НА РАБОТИЛНИЦА ВО ВИЕНА

На работилницата свое излагање имаше и пратеникот Костадин Костадинов при што истакна дека Република Македонија останува сериозно и темелно посветена на исполнување на обврските кои што произлегуваат од нашето членство во СТО.

повеќе...

 

Четврток,  22 февруари 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗИМСКАТА СЕСИЈА НА ПС ОБСЕ 

Од 22 до 23 февруари 2018 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ на кое ќе учествуваат  пратениците: г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска, член и г. Фадил Зендели, заменик- член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

повеќе...

 

Петок, 16 февруари 2018 година

ОТВОРЕН ПАРЛАМЕНТ

Ве информираме дека на 23 февруари 2018 година (петок), Собранието на Република Македонија ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните.

Тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.

повеќе...

 

Вторник, 13 февруари 2018 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЛТОН ПАРК

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и околу 30 претставници од сите политички партии застапени во Собранието, службите во Собранието, Парламентарниот институт и претставници на граѓанското општество, од 14 до 16 февруари 2018 година, ќе учествуваат на конференција што ќе се одржи во Вилтон Парк, Велика Британија.

повеќе...

 

Среда, 21 февруари 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО ШВЕДСКИОТ АМБАСАДОР СТЕФАНСОН

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања и политичките динамики во земјата. Соговорниците се согласија дека новосоздадениот моментум во политичките текови во Република Македонија не смее да се пропушти.

повеќе...

 

Вторник, 30 јануари 2018 година

ГРУБИ-КОБЛЕР: ОПОЗИЦИЈАТА ДА БИДЕ КОНСТРУКТИВНА НАДМИНУВАЈЌИ ГО СВОЕТО МИНАТО

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, г-ѓа Ренате Коблер.

повеќе...

 

Понеделник, 29 јануари 2018 година

ГРУБИ-ЈАНАКАКИС: СИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ ОДОГОВОРНОСТ И ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД РЕШЕНИЕТО

Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, денеска во Собранието на Република Македонија се сретна со амбасадорот на Грција во Скопје, г. Димитрис Јанакакис.

повеќе...

 

Вторник, 2  јануари 2018 година

БУГАРИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Десетгодишнината од своето членство во Европската Унија, Бугарија ќе ја одбележи како претседавач со Советот на Европската Унија.

Нашиот источен сосед ќе претседава под мотото „Силата е во единството“, а вниманието ќе го насочи и кон Западен Балкан.

повеќе...

 

Вторник, 2 јануари 2018 година

ЛЕУВАРДЕН И ВАЛЕТА - ЕВРОПСКИ КУЛТУРНИ ПРЕСТОЛНИНИ 

Европската комисија секоја година, почнувајќи од 1985, одредува почесен домаќин на проектот „Европска престолнина на културата“ со цел да се промовира чувството на заедништво во Европската Унија. Така, холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта - Валета ја добија титулата европски престолнини на културата за 2018 година.

повеќе...

 

Вторник, 21 ноември 2017 година

АКЦИОНЕН ПЛАН НА ЕВРОКОМИСИЈАТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО РОДОВИОТ ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ

Најновото истражување на Евробарометар вели дека родовата еднаквост сè уште не е постигната во земјите членки на Европската Унија. Жените во Европа сè уште се исплаќаат во просек 16,3% помалку од мажите. Родовиот јаз во платите не се намалил во последните години, и во голема мера тоа се должи на фактот што жените имаат тенденција да бидат помалку вработени, во помалку добро платени сектори, помалку промоции, повеќе паузи во кариерата и вршат повеќе неплатена работа.

повеќе...