Понеделник, 22 јануари 2018 година

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА КОМПЛЕТНА ЕВРОПА

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, учествуваше на Конференцијата на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите членки и земјите кандидати за членство во Европската Унија во Софија, Република Бугарија. 

повеќе...

 

 

Понеделник, 15 јануари 2018 година

ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА РАБОТАТА НА БУГАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Денеска Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, со  која претседаваше претседателот на комисијата г. Артан Груби, ја  одржа Осмата седница, на  која амбасадорот на Република Бугарија  во Република Македонија, Иван Великов Петков ги презентираше Програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во првата половина од 2018 година.

повеќе...

 

Понеделник, 15 јануари 2018 година

ПЕТНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 15. седница, одржана на 12 јануари 2018 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (прво читање).     

повеќе...

 

Понеделник,  22 јануари 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗИМСКА СЕСИЈА НА ПССЕ ВО СТРАЗБУР

На редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од 22 до 26 јануари 2018 година во Стразбур, Франција, учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Бетиан Китев, шеф на Делегацијата и Африм Гаши, заменик-член. 

повеќе...

 

Понеделник, 22 јануари 2018 година

ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СОФИЈА

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, од 20 до 22 јануари 2018 година, ќе учествува на Конференција на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите членки и земји кандидати на Европската унија-КОСАК, во Софија, Република Бугарија.

повеќе...

 

Четврток, 18 јануари 2018 година

СТУДИСКА ПОСЕТА ВО БРИСЕЛ

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 22 и 23 јануари 2018 година во Брисел, Кралството Белгија, ќе се реализира студиска посета за новоизбрани пратеници од Собранието на Република Македонија.

повеќе...

 

Среда, 17 јануари 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЧКАТА РЕМЕНСКИ СО ЧЕШКИОТ АМБАСАДОР ТОМАН

Денеска во Собранието на Република Македонија пратеничката и претседателка на Комисијата за одбрана и безбедност, г-ѓа Фросина Ташевска - Ременски оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, г. Мирослав Томан и заменик-амбасадорот г. Јосеф Брож.

повеќе...

 

Среда, 20 декември 2017 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ПЕТКОВ

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, имаше средба со амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, г. Иван Великов Петков.

повеќе...

 

Вторник, 19 декември 2017 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОГРЕС ИНСТИТУТОТ

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, учествуваше  на Конференција на тема: „Патот на Република Македонија - нов почеток, враќање на патот кон ЕУ и пример за градење добри односи во регионот", во организација на Прогрес Институт за социјална демократија.

повеќе...

 

Вторник, 2  јануари 2018 година

БУГАРИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Десетгодишнината од своето членство во Европската Унија, Бугарија ќе ја одбележи како претседавач со Советот на Европската Унија.

Нашиот источен сосед ќе претседава од мотото „Силата е во единството“, а вниманието ќе го насочи и кон Западен Балкан.

повеќе...

 

Вторник, 2 јануари 2018 година

ЛЕУВАРДЕН И ВАЛЕТА - ЕВРОПСКИ КУЛТУРНИ ПРЕСТОЛНИНИ 

Европската комисија секоја година, почнувајќи од 1985, одредува почесен домаќин на проектот „Европска престолнина на културата“ со цел да се промовира чувството на заедништво во Европската Унија. Така, холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта - Валета ја добија титулата европски престолнини на културата за 2018 година.

повеќе...

 

Вторник, 21 ноември 2017 година

АКЦИОНЕН ПЛАН НА ЕВРОКОМИСИЈАТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО РОДОВИОТ ЈАЗ ВО ПЛАТИТЕ

Најновото истражување на Евробарометар вели дека родовата еднаквост сè уште не е постигната во земјите членки на Европската Унија. Жените во Европа сè уште се исплаќаат во просек 16,3% помалку од мажите. Родовиот јаз во платите не се намалил во последните години, и во голема мера тоа се должи на фактот што жените имаат тенденција да бидат помалку вработени, во помалку добро платени сектори, помалку промоции, повеќе паузи во кариерата и вршат повеќе неплатена работа.

повеќе...