Петок, 20 април 2018 година

КОМИСИЈАТА ЗА КУЛТУРА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ И НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Работната група на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, во состав: Ирена Стефоска, Никица Корубин, Весна Дамчевска-Илиевска, Славица Шуманска-Митева и Крсто Јовановски, на 18 април 2018 година, оствари работна посета на Македонската опера и балет и Националната галерија на Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 19 април 2018 година

КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА СОФИЈА

Делегацијата на Комисијата за европски прашања, предводена од претседателот на Комисијата на Собранието на Република Македонија,  г.  Артан Груби, заедно со членовите на Комисијата, г-ѓа Јулиана Николова, г-ѓа Татјана Прентовиќ и г. Трајчо Димков во рамките на официјалната посета на Република Бугарија, денеска остварија средба со заменик претседателот на владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева. 

повеќе...

 

Четврток, 19 април 2018 година

ОБРАЌАЊЕ НА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ, Г-ЃА ФЕДЕРИКА МОГЕРИНИ 

Во Собранието на Република Македонија денеска на  43. седница свое обраќање имаше Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик претседател на Европската комисија, г-ѓа Федерика Могерини.

повеќе...

 

Петок, 20 април 2018 година 

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТУДИСКА ПОСЕТА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА И ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска и  членовите на Комисијата: г. Реџаиљ Исмаили и г. Диме Велковски, од 23 до 26 април 2018 година, ќе присуствуваат на студиска посета во Загреб, Република Хрватска. 

Студиската посета е во рамки на Твининг проектот на ЕУ-ИПА „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“. 

повеќе...

 

Среда, 18 април 2018 година

КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА СОФИЈА

На покана на претседателот на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија, г. Кристијан Вигенин, делегација од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања и членовите ќе престојуваат во официјална посета на Софија, од 18 до 19 април 2018 година. 

повеќе...

 

Среда, 11 април 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БЕЛГРАД

Во рамките на Интерпарламентарната конференција, во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното Собрание на Република Србија, на 13 април 2018 година во Белград, ќе се одржи семинар на тема: "Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи". 

повеќе...

 

Понеделник, 16 април 2018 година

КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ИНДЕКС ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Даниела Рангелова, координаторката на Клубот на пратенички, г-ѓа Ѓулумсер Касапи и заменк членот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Лилјана Кузмановска, денес одржаа консултативна средба за развивање на Национален индекс за родова еднаквост со г-ѓа Виргинија Лангбак, директорка на Европскиот институт за родова еднаквост.

повеќе...

 

Понеделник, 12 март 2018 година 

ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СЕ СРЕТНА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР РОМЕО

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е. Карло Ромео.

повеќе...

 

Четврок, 8 март 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО Г-ЃА КЕТРИН БАРНС,  Г. ЧАРЛС ГАРЕТ И Г. ЏЕРЕМИ ВИЛМШУРСТ

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со г-ѓа Кетрин Барнс, раководител на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан во Британското министерство за надворешни работи; амбасадорот на Обединетото Кралство г. Чарлс Гарет и г. Џереми Вилмшурст, политички секретар во Британската амбасада во Виена.

повеќе...

 

Среда, 18 април 2018 година

МАКЕДОНИЈА СО ПРЕПОРАКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Република Македонија доби позитивен Извештај за напредокот од Европската комисија, која му предлага на Советот започнување на преговори за членство во Европската Унија, со оглед на постигнатиот напредок и остварувањето на реформите.

повеќе...

 

Петок, 9 март 2018 година

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЕДНАКВОСТА МЕЃУ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ НА ЕВРОКОМИСИЈАТА

Европската комисија го одбележа Меѓународниот ден на жената со објавување на Извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените од 2018 година, како и презентација на Извештајот за жените во технологијата. 

повеќе...

 

Вторник, 2  јануари 2018 година

БУГАРИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Десетгодишнината од своето членство во Европската Унија, Бугарија ќе ја одбележи како претседавач со Советот на Европската Унија.

Нашиот источен сосед ќе претседава под мотото „Силата е во единството“, а вниманието ќе го насочи и кон Западен Балкан.

повеќе...