Среда, 25 април 2018 година, Стразбур

ЗАЛОЖБА ЗА СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ КАКО ФУНДАМЕНТАЛНО ПРАВО НА СЕКОЕ ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО

Во рамките на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на денешната сесија посветена на слободата на уредничката политика и статусот на новинарите во Европа, пратеникот Бетиане Китев, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ, истакна дека дека слободата на изразување и информации е фундаментално право гарантирано со член 10 од Европската конвенција за човекови права, кое ја вклучува слободата на медиумите, што е суштинско и задолжително за постоењето и развојот на секое едно демократско општество.

повеќе...

 

Среда, 25 април 2018 година

ЕДИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 11. Седница, како матично работно тело, го разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ловството.

повеќе...

 

Вторник, 24 април 2018 година

СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска ја одржа својата 13. седница по повод Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2018 година.

повеќе...

 

Вторник, 24 април 2018 година

КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА НА СОСТАНОК ПОСВЕТЕН НА ЕНЕРГИЈАТА ДОБИЕНА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Горан Милевски, претседател; г. Агим Шаќири, заменик-претседател и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања учествува на состанок посветен на енергијата добиена од обновливи извори во организација на Енергетската заедница, кој се одржува на 24 април 2018 година (денеска) во седиштето на Европскиот парламент, во Брисел, Кралството Белгија.

повеќе...

 

Понеделник, 23 април 2018 година

ПРАТЕНИКОТ КИТЕВ НА ПРОЛЕТНАТА СЕСИЈА НА ПССЕ

Пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа се одржува од 23 до 27 април 2018 година во Стразбур, Француската Република, на која учествува г. Бетиан Китев, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ. 

повеќе...

 

Петок, 20 април 2018 година 

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТУДИСКА ПОСЕТА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА И ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска и  членовите на Комисијата: г. Реџаиљ Исмаили и г. Диме Велковски, од 23 до 26 април 2018 година, ќе присуствуваат на студиска посета во Загреб, Република Хрватска. 

повеќе...

 

Понеделник, 16 април 2018 година

КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ИНДЕКС ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Даниела Рангелова, координаторката на Клубот на пратенички, г-ѓа Ѓулумсер Касапи и заменк членот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Лилјана Кузмановска, денес одржаа консултативна средба за развивање на Национален индекс за родова еднаквост со г-ѓа Виргинија Лангбак, директорка на Европскиот институт за родова еднаквост.

повеќе...

 

Понеделник, 12 март 2018 година 

ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СЕ СРЕТНА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР РОМЕО

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е. Карло Ромео.

повеќе...

 

Четврок, 8 март 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО Г-ЃА КЕТРИН БАРНС,  Г. ЧАРЛС ГАРЕТ И Г. ЏЕРЕМИ ВИЛМШУРСТ

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со г-ѓа Кетрин Барнс, раководител на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан во Британското министерство за надворешни работи; амбасадорот на Обединетото Кралство г. Чарлс Гарет и г. Џереми Вилмшурст, политички секретар во Британската амбасада во Виена.

повеќе...

 

Среда, 18 април 2018 година

МАКЕДОНИЈА СО ПРЕПОРАКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Република Македонија доби позитивен Извештај за напредокот од Европската комисија, која му предлага на Советот започнување на преговори за членство во Европската Унија, со оглед на постигнатиот напредок и остварувањето на реформите.

повеќе...

 

Петок, 9 март 2018 година

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЕДНАКВОСТА МЕЃУ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ НА ЕВРОКОМИСИЈАТА

Европската комисија го одбележа Меѓународниот ден на жената со објавување на Извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените од 2018 година, како и презентација на Извештајот за жените во технологијата. 

повеќе...

 

Вторник, 2  јануари 2018 година

БУГАРИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Десетгодишнината од своето членство во Европската Унија, Бугарија ќе ја одбележи како претседавач со Советот на Европската Унија.

Нашиот источен сосед ќе претседава под мотото „Силата е во единството“, а вниманието ќе го насочи и кон Западен Балкан.

повеќе...