Петок, 12 октомври 2018 година

КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ ГИ УСВОИ АМАНДМАНИТЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ОТПИШУВАЊЕ НА КАМАТИ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ  

Со усвоениот амандман опфатот за отпишување на камати за наплата на долгови и за радиодифузната такса. Право на отпис на камата остварува секое физичко лице-должник кој ќе изврши уплата на главниот долг и трошоците, судски, нотарски и трошоци на извршување на постапка во рок од 12 месеци од донесување на одлуката. 

повеќе...

 

Петок, 12 октомври 2018 година 

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: Хари Локвенец претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими, координатор на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција и Горан Милевски, копретседавач со Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија - Европска Унија, учествуваше на Интерпарламентарната конференција организирана од страна на Комисијата на заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на ЕУ, што се одржа од 10 до 12 октомври 2018 година во Виена, Република Австрија.

повеќе...

 

Четврток, 11 октомври 2018 година

ВРАЧЕНА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“

Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ја добија: проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател; Ристо Лазаров, писател и новинар и актерот Петре Арсовски. Наградата за животно дело во областа на здравството му беше доделена на проф. д-р Александар Ставридис, хирург-уролог.

повеќе...

 

Среда, 10 октомври 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2018 година (четврток), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово, и тоа:

повеќе...

 

Вторник, 9 октомври 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Ејуп Аљими координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и г. Горан Милевски копретседавач со Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија - Европска Унија ќе учествуваат на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на Заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи од 10 до 12 октомври 2018 година во Виена, Република Австрија.

повеќе...

 

Недела, 21 октомври  2018 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по покана на претседателот на Претставничкиот дом, Радек Вондрачек, на 22 и 23 октомври 2018 година ќе престојува во официјална посета на Република Чешка. 

Во придружба на претседателот на Собранието ќе бидат претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Чешка, Јагода Шахпаска и членките на Групата за соработка, Владанка Авировиќ и Теута Билали.

повеќе...

 

Понеделник, 8 октомври 2018 година

ПРАТЕНИКОТ КИТЕВ НА ЕСЕНСКАТА СЕСИЈА НА ПССЕ

Од 8 до 12 октомври 2018 година во Стразбур, Франција, ќе се одржи редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе учествува г. Бетиан Китев во својство на шеф на Делегацијата. 

повеќе...

 

Среда, 19 септември 2018 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ГРУБИ СО ФРАНЦУСКАТА ПРАТЕНИЧКА ТАНГИ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, имаше средба со Лилијана Танги, пратеничка во Националното собрание на Република Франција и заменик-претседателка на Комисијата за европски прашања, во придружба на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.

повеќе...

 

Среда, 6 јуни 2018 година

СРЕДБА НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА, Г-ЃА ЈИН ЛИКСИАН

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина предводена од г-ѓа Владанка Авировиќ, а во чиј состав беа и г-ѓа Јагода Шахпаска, г-ѓа Анета Симеска-Димоска, г. Агим Шаќири, г-ѓа Весна Пемова и г. Јохан Тарчуловски, вчера остварија средба со кинескиот амбасадор во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан. Средбата се оддржа во новите простории на кинеската амбасада.

повеќе...

 

Понеделник, 4 јуни 2018 година

РАБОТНА СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ 

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Кузмановска и членовите г. Панче Иванов и г. Реџаиљ Исмаили, одржаа средба со г. Метин Хакверди, пратеник и член на Комисијата за финансии, буџетирање и Европската Унија во Бундестагот на Република Германија. Средбата беше остварена на барање на Фондацијата Фридрих Еберт.  

повеќе...

 

Четврток, 27 септември 2018 година

ПОЧЕТОК НА СКРИНИНГ-ПРОЦЕСОТ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ

Делегација од Република Македонија, составена од 43 претставници на министерства и институции, денеска во Брисел го започнува скининг-процесот како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство на нашата земја во Европската Унија.

повеќе...

 

Вторник, 25 септември 2018 година

СЕДУМДЕСЕТ И ТРЕТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ОН

Денеска започнува 73. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, на чие отворање ќе присуствуваат челниците на Европската Унија: претседателот Жан-Клод Јункер; првиот потпретседател Франс Тимерманс, високата претставничка, потпретседателката Федерика Могерини, како и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. 

повеќе...

 

Четврток, 17 мај 2018 година

САМИТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН

Денеска во Софија, Бугарија, се одржува Самитот на Европската Унија и Западниот Балкан, како потврда на посветеноста на ЕУ кон своите партнери од овој регион и неговата припадност на европското семејство.
Самитот има за цел зајакнување на врските помеѓу ЕУ и Западен Балкан во инфраструктурата, дигиталното и човечкото поврзување, односно справување со заедничките предизвици, како што се безбедноста, миграцијата, геополитичките случувања и добрососедските односи.

повеќе...