ЕУ вести

Среда, 9 ноември 2016 година

ЕУ честитка до новоизбраниот американски претседател

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, г. Жан-Клод Јункер и г. Доналд Туск, во заедничкото писмо испратија честитка до новоизбраниот 45. претседател на Соединетите Американски Држави, г. Доналд Трамп, во кое  ја нагласуваат важноста на партнерството меѓу ЕУ и САД.

„Стратешкото партнерство меѓу Европската унија и САД е вкоренето во нашите заеднички вредности на слобода, човекови права, демократија и верување во пазарната економија. Во текот на годините, ЕУ и САД заедно работеа за да се обезбеди мир и благосостојба за нашите граѓани и за луѓето од целиот свет. Денес, тоа е поважно од кога и да е за зајакнување на трансатланските односи“, стои, меѓу другото, во заедничкото писмо.

Притоа, тие ја искористиле и можноста да го поканат новиот американски претседател да го посети Стариот континент што поскоро. 

Click