ЕУ вести

Четврток, 1 октомври 2015 година

Номинации за наградата „Сахаров“ за слобода на мислата

На заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Комитетот за развој и Поткомитетот за човекови права, официјално беа претставени номинираните за наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која годишно ја доделува Европскиот парламент. 

„Годинава кандидатите се поврзани со низа чувствителни прашања, како корупција, злоупотреба на власта, слобода на мислата и изразувањето, женската еманципација, што се многу важни теми“, истакна потпретседателот на Поткомитетот за човекови права, г. Кристијан Дан Преда, за време на отворањето на состанокот. 

Кандидати за наградата „Сахаров“ за 2015 година се:

  • Раиф Бадави од Саудиска Арабија, блогер и автор на интернет-страницата „Бесплатно саудиски либерали“, кој е осуден на 10 година затвор поради навреда на исламските вредности на својот сајт. Тој претставува симбол за борбата за слобода на говорот и со неговата номинација се оддава чест на сите оние кои се залагаат за слободно изразување во светот.
  • Група политички затвореници од Венецуела, познати како демократска опозиција во Венецуела, создадена по Меса де ла Унидад Демократика, предизборна коалиција формирана во 2008 година за обединување против политичката партија на претседателот Уго Чавес, кои се борат да ги остварат своите права. 
  • Една Адан Исмаил, сомалиска активистка и поранешен министер во Владата, која се залага за укинување на сакатењето на женските гениталии. Таа уште е директор и основач на породилиштето Една Адан во Харгеиса во Сомалија. Нејзината упорност и одлучност довеле до извонредно подобрување на улогата на жената во современото сомалиско општество. 
  • Борис Немцов, руски физичар, поранешен потпретседател на Владата и опозициски политичар, кој е убиен во Москва во февруари годинава. Како лидер на опозицијата и активист на граѓанското општество, работел на разоткривање на корупцијата и злоупотребата на политичката моќ во Русија, со цел демократска, просперитетна и мирна Русија.
  • Надја Савченко, украински воен пилот и член на Верховна Рада и на Украинската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, која е заробена на 18 јуни 2014 година и илегално транспортирана во Русија. Претставува „симбол“ на повеќе од 150 други заробеници од страна на Русија по анексијата на Крим.
  • Едвард Сноуден, компјутерски експерт, кој работел за Агенцијата за национална безбедност на САД и кој пуштил во медиумите делови од програмата за масовен надзор; Антоан Делтоур, поранешен ревизор на една од четирите најголеми мултифункционални компании за професионални услуги - Price Waterhouse Coopers, кој им ја открил на новинарите тајната за даночните решенија со мултифункционалните компании во Луксембург; Стефани Гибо, која го открила затајувањето данок и перењето пари од страна на UBS AG.  

Номинираните за наградата доаѓаат на предлог од политичките групи или најмалку 40 членови на Европскиот парламент. Во потесниот круг на можни добитници, ќе влезат тројца од горенаведените кандидати, а победникот ќе биде избран кон крајот на месецов.

Инаку, наградата „Сахаров“, во чест на советскиот научник и политички дисидент Андреј Сахаров, се доделува уште од 1988 година на поединци или организации кои се залагаат во борбата против нетолеранцијата, фанатизмот и угнетувањето, во одбрана на основните човекови права и слободи.         

Click