ЕУ вести

Понеделник, 27 април 2015 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 27 до 30 април одржува пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, на дневен ред ќе се најде и Договорот за стабилизација и асоцијација со Република Македонија.

Исто така, Европарламентот треба да го процени напредокот на Албанија и Босна и Херцеговина во 2014 година.

Последните денови од месецов, европратениците ќе дебатираат за трагедиите во Медитеранот, новата Европска агенда за безбедност, за човековите права и резолуции на демократијата, а ќе гласаат и за Младинската иницијатива за вработување.

Дел од агендата ќе бидат и теми како: нерационалната употреба на пластични ќеси, биогоривата, алкохолот, рибарството и Балтичкото Море, „паметните граници", емисиите на CO2,  нацрт-законите за отпадоци и др. 

Click