ЕУ вести

Петок, 3 јули 2015 година

Пленарна седница на Европскиот парламент 

Од 6 до 9 јули во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, во чиј фокус ќе бидат справувањето со мигрантите, должничката криза на Грција и започнувањето на претседавањето на Луксембург со Советот на Европската унија.

На агендата ќе се најдат и трговското партнерство со САД, Предлог-буџетот на ЕУ за 2016 година, програмата за работа на Еврокомисијата за идната година, Годишниот извештај за човековите права во светот за 2014 година, мерките за поефикасна економија, вработувањето и европската соседска политика.

Европратениците ќе расправаат и за безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток и Северна Африка, Ситуацијата во Бурунди, односите помеѓу ЕУ и Куба, како и финансиската помош за Романија, Бугарија и Италија за штетите од поплавите.

Исто така, ќе стане збор и за последните терористички напади, а ќе се одбележи и 20-годишнината од масакрот во Сребреница со оддавање почит на жртвите.

Click