ЕУ вести

Среда, 11 јули 2017 година  

Самит на Западен Балкан 

Денеска во Трст, Италија, е закажан 4. годишен Самит на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, со цел зајакнување на регионалната соработка и унапредување на процесот на евроинтеграција.

Ова претставува можност да се развијат дискусии за развој на инклузивни општества, добро владеење и енергични економии. 

На Самитот ќе учествуваат: високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Комисијата, г-ѓа Федерика Могерини; комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, г. Јоханес Хан; комесарот за транспорт, г-ѓа Виолета Булц; шефови на влади и министри од Западен Балкан (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово) и нивните колеги од шест земји членки на ЕУ (Хрватска, Австрија, Франција, Германија, Италија и Словенија).

Во фокусот на разговорите ќе бидат три клучни области на регионалната соработка: поврзување, регионална економска интеграција/развој на приватниот сектор и контакти меѓу луѓето.

Во рамките на Самитот, се очекува Европската комисија да објави значително ново финансирање како дел од својот годишен пакет за поврзување, а партнерите од Западен Балкан да потпишат договор за транспортна заедница и да се договорат за акциониот план за развој на регионалната економска област.