Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Среда, 28 јуни 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција посветена на зајакнувањето и улогата на Собранието на Република Македонија

Ми претставува особена чест и задоволство да ја отворам денешната Конференција посветена на зајакнувањето и улогата на Собранието на Република Македонија. Собранието е една од клучните институции за враќање на Република Македонија во демократските текови и евроатлантските интеграции, и затоа сум убеден дека темите предложени за дискусии денес ќе резултираат со конструктивна расправа. 

повеќе...

Среда, 21 јуни 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Тркалезната маса на тема: „Собранието и граѓанските организации“

Ми претставува особено задоволство што денес присуствувам на на тркалезната маса на тема: „Собранието и граѓанските организации“. 

Како прв меѓу еднаквите, ветив дека ќе се заложам за поголема транспарентност на Собранието и присуство на граѓаните во активностите на Собранието на Република Македонија. Заедно со пратениците, ќе се залагаме за инклузивен, отворен и одговорен законодавен дом, бидејќи парламентарните информации им припаѓаат на сите граѓани. 

повеќе...

Среда, 21 јуни 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод заштита на Охридскиот регион 

Ми претставува особено задовoлство што денеска во Собранието на Република Македонија се одржува настан поврзан со иницијатива од граѓанскиот сектор за заштита на Охридскиот регион како единствен регион во Република Македонија заштитен од УНЕСКО.  

повеќе...

Понеделник, 19 јуни 2017 година, Рига

Обраќање на претседателот Џафери на Парламентарниот безбедносен форум

Ми претставува особено задоволство да учествувам на овој реномиран и високореспектиран Парламентарен безбедносен форум, кој во континуитет се одржува речиси една деценија, на заедничка иницијатива и синергија на Американскиот конгрес и националните парламенти на повеќе од 30 држави.

повеќе...

Четврток, 11 мај 2017 година

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, учествуваше на конференција на тема: Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание

На самиот почеток сакам да изразам големо задоволство што мојот прв настап е пред претставници на невладиниот сектор, а уште поголемо задоволство се темите за кои ќе дебатирате, а тоа е улогата и функционирањето на Собранието како највисок орган, кој воедно ги донесува и законите. Во тие рамки, ќе се дебатира за транспарентноста и одговорноста на Собранието, работата на комисиите и механизмите за учество на засегнатите страни.

повеќе...

Вторник, 18 октомври 2016 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишување на предвремени парламентарни избори

Почитувани претставници на медиумите,
Дами и господа,
Дозволете да Ве известам дека во согласност со уставните и законските одредби, како претседател на Собранието на Република Македонија го потпишав решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември оваа година.

повеќе...

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод Свеченото отварање на Големата сала во Собранието на Република Македонија

Почитувани присутни,
Дами и господа,
После шест години, денес, конечно можеме со гордост да истакнеме дека најобемната и најсложената реконструкција, надградба и доградба на Собранието на Република Македонија е завршена!

повеќе...

Среда, 28 септември 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер и 10-годишниот јубилеј од постоењето на Комисијата

На самиот почеток би сакал да ви го честитам вашиот јубилеј, односно десет години од формирањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а во исто време сите заедно да го одбележиме и Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер.

повеќе...

Петок, 16 септември 2016 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на Европската конференција на претседатели на парламенти, на тема: „Националните парламенти и Советот на Европа: Заедничко промовирање на демократијата, човековите права и владеење на правото“

Од неговото основање на 5 мај 1949 година, Советот на Европа, исполнувајќи ги своите статутарни одредби, дејствува кон воспоставувањето, остварувањето, заштитата и развојот на човековите права и основните слободи, јакнењето на демократијата и создавањето на заедничките правни стандарди.

повеќе...

Четврток, 15 септември 2016 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на Европската конференција на претседатели на парламенти, на тема: „Миграциите и бегалската криза во Европа – улогата и одговорностите на парламентите“

Миграцијата како појава од цивилизациски аспект не е нешто ново за светот и за Европа, меѓутоа актуелната мигрантско-бегалска криза претставува феномен незабележан во поновата светска историја. Тоа што денес се случува претставува глобален проблем. Тоа што денес се случува претставува глобален проблем. Само да потсетам дека и на штотуку завршениот Самит на групата Г-20, бегалската криза со која се соочуваме е дефинирана како глобален проблем кој бара и соодветен пристап и решение. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 6
  •