Јавна расправа на тема „Раскрстување со минатото според пре...

Вторник, 13 септември 2016 година

Јавна расправа на тема „Раскрстување со минатото според препораките на Европската комисија“

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше јавна расправа на тема „Раскрстување со минатото според препораките на Европската комисија“. Целта на јавната расправа беше да се отвори дебата за реализацијата на препораките од Европската комисија од Итните реформски приоритети од јуни 2015 година, кои се однесуваат на лустрацијата. 

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА ''ГЕЈМИНГОТ КАКО КОМЕРЦИЈАЛН...

Понеделник, 15 февруари 2016 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА ''ГЕЈМИНГОТ КАКО КОМЕРЦИЈАЛНА ДЕЈНОСТ''

Националниот совет за евроинтеграции на 12 февруари 2016 година организираше јавна расправа на тема "Гејмингот како комерцијална дејност". На јавната расправа беа поканети претседателите и членовите на: Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешни работи, Мешовитиот парламентарен комитет РМ и ЕУ, Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисијата за труд и социјална политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за здравство, Комисијата за еднакви можности за жените и мажите, како и претставници од државни институции, организации на граѓанското општество и претставници на Македонската заедница на гејмери.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ''УЛОГАТА НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР В...

Петок, 5 февруари 2016 година

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ''УЛОГАТА НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА''

Националниот совет за евроинтеграции вчера организираше јавна расправа за "Улогата на граѓанскиот сектор во процесот на европска интеграција на Република Македонија". На јавната расправа беа поканети претседателите и членовите на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РМ и ЕУ, како и претставници од државни институции, општините и голем број на организации на граѓанското општество. На јавната расправа присуствуваа претставници од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и од амбасади на земји-членки на ЕУ во Република Македонија.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ''ИТНИТЕ РЕФОРМСКИ ПРИОРИТЕТИ ЗА ...

Четврток, 24 декември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ''ИТНИТЕ РЕФОРМСКИ ПРИОРИТЕТИ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА''

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше јавна расправа по "Итните реформски приоритети за Република Македонија'' документ на Европската комисија од јуни 2015 година. Итните реформски приоритети кои треба да се исполнат од страна на Република Македонија се однесуваат на следните области: владеење на правото и фундаменталните права, деполитизацијата на јавната администрација, слободата на изразување и изборната реформа.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА ''РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВ...

Среда, 23 декември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА ''РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА РАМКА''

Националниот совет за евроинтеграции на 22 декември 2015 година организираше јавна расправа на тема "Република Македонија во Европската енергетска рамка". На јавната расправа беа поканети претседателите и членовите на Комисијата за економски прашања, Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РМ и ЕУ, претставници од институции и организации на граѓанското општество кои работат во областа на енергетиката и европските интеграции.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА...

Понеделник, 23 ноември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Националниот совет за евроинтеграции денес организираше јавна расправа за Стратегијата за проширување на Европската унија. Целта на организирањето на јавната расправа беше важноста на среднорочниот стратешки документ за политиката на проширување на ЕУ кој го опфаќа периодот на мандатот на Европската комисија и особено имајќи го предвид новиот воведен пристап во годишното известување за напредокот. 

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌА...

Среда, 2 септември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА 

Националниот совет за евроинтеграции заедно со Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија денеска одржаа јавна расправа по Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е дел од Анексот 2 кој е составен дел на Мислењето на Националниот совет за евроинтеграции за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2015 година, кое Советот со консензус го усвои на седницата одржана на 12 март годинава.

Прочитај повеќе
1  
Click