Меѓународни организации и интеграции

Вторник, 16 април 2013 година

ДЕВЕТТИ СОСТАНОК НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНАТА ДИМЕНЗИЈА НА ПСЈИЕ

За време на Mеѓународната конференција на тема „Eвропскатa интеграција низ соработка на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела во ЈИЕ - размена на искуство и позитивни практики“, се одржа и состанок на Работната група за Парламентарната димензија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа - ПСЈИЕ.

На состанокот присуствуваа претставници од парламентите на Бугарија, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Словенија, Турција, како и од Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка во Југоисточна Европа од Софија и Советот за регионална соработка од Сараево.

Отворајќи го состанокот, актуелниот претстадавач со Работната група, пратеникот г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја, истакна дека присуството на членовите на Групата го потврдува интересот и посветеноста на Групата за соработка на теми од заеднички интерес за регионот.

Во текот на расправата, посебно внимание се посвети на работниот материјал за  основните принципи, насоките, Секретаријатот и процедурите на идниот парламентарен форум.

Ова беше деветти состанок на Работната група, а трет за време на Македонското претседателство. Последниот состанок ќе се одржи за време на Десеттата конференција на претседателите на парламенти, како последна активност во делот на парламентарната димензија на ПСЈИЕ.
Click