Нова Социјал-Демократска Партија

2002-2006

 



                                                          

                                                            ИВАН АНАСТАСОВСКИ
 
 


    


 
   


   Член на СДСМ Роден 1973 година во Куманово, РМ. Македонец . Доктор на науки. Седум години вработен на факултетот за физичка култура во Скопје, каде што обавува функција доцент на Методика на физичко воспитание и четири години тренер на кошаркарскиот клуб "Куманово" од Куманово. Учи англиски. Живее во Куманово.




ЈОРДАН МИХАЈЛОВСКИ     

 

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1948 година во Сараево, БиХ. Македонец. Дипломиран професор по филозофија. Работел како директор на домот на култура во Крива Паланка (1980-2000 г.); основач и раководител на Меѓународната ликовна колонија "Св. Јоаким Осмовски" (1987-2002). Се служи со англиски јазик. Живее во Крива Паланка.




СЛАВЕ АРСОСКИ    

 

 

 

 

 

Член на СДСМ.Роден 1958 г. во с. Жел, Река, Гостивар, РМ. Македонец. Има високо образование. Во 1984 се вработил во Земјоделската задруга "Добра Вода", село Жел, Река, а од 1986 работел како професор во УСО Чеде Филиповски - Дане во Гостивар. Учи англиски. Живее во Гостивар.





СЛАВИЦА СТАНКОВСКА

 

 

 

 


Член на СДСМ Родена 1950 година во Куманово, РМ. Македонка. Има високо обазование Работно искуство од 26 години, од кои 1 година како времен управник во гимназијата "Гоце Делчев" во Куманово, 6 месеци како В.Д. директор, 2.5 години директор, остатокот како професор по хемија во гимназијата. Зборува доборо француски јазик. Живее во Куманово.



                            
                                                                ТИТО ПЕТКОВСКИ
 
 


    
 

 


   
   Член на СДСМ. Роден 1945 година во с. Псача - Крива Паланка, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, како правник во Републичкиот завод за урбанизам, во Извршниот совет на Собранието на Град Скопје, бил на функција во Градскиот комитет на СКМ - Скопје. Бил потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ. Добро го знае францускиот, а се служи и со англискиот јазик. Живее во Скопје.

Click