Активности на Парламентарен институт

13 март 2018 година  

ПРОМОЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ - БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА СО ШВАЈЦАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Парламентарниот институт и службата на Швајцарскиот федерален парламент на 13 март 2018 година го промовираа заедничкото истражување за јавниот долг и неговата структура. 

На настанот присуствуваа пратениците од опозицијата и владејачките партии во Собранието, како и претставници од граѓанскиот сектор. 

Целта на анализата беше да се нагласи важноста на процесот на управување со јавниот долг, да се разгледаат тековните политики на управувањето со долгот во Република Македонија и во Швајцарската Конфедерација, како и да се утврди улогата на парламентите, преку своите надзорни и контролни механизми, во системот на управување со јавниот долг.

Воедно, пратениците имаа можност да добијат повеќе информации за темата, што ќе им бидат од корист при исполнување на својата пратеничка функција.

Click