Активности на Парламентарен институт

Jули 2017 година

РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД СЛУЖБАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕШКИ ПЛАН НА СОБРАНИЕТО

Во јули 2017 година во Кавадарци, во организација на Парламентарниот институт се одржа тридневна работилница за подготовка на Стратешки план на Собранието на Република Македонија 2018-2020, наменета за вработените од Службата на Собранието. 

На работилницата се разгледаа компонентите на процесот на стратешко планирање со преглед на клучните прашања и анализа на состојбата. Ова претставуваше можност за хоризонтална вклученост на вработените во развивањето на стратешките цели и активности.

Click