Работни тела



 

Стојановски Томислав

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 


 


    
 
Господин Томислав Стојановски, Македонец, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е роден на 15.05.1933 година во Куманово. Основно и средно образование завршил во родниот град. Потоа студирал и дипломирал на Правниот факултет во Скопје. 
      
Од 1956 година работи во тогашниот Општински суд во Куманово, додека од 1960 - 1962 година беше претседател на Општинскиот суд во Кратово. Од 1962 година наваму работи како адвокат со сопствена адвокатска канцеларија. 
      
Пред распаѓањето на претходната СФРЈ беше делегат во Соборот на републиките и покраините на Сојузното собрание. Во периодот од 1990 - 1994 година беше пратеник во Првиот македонски повеќепартиски парламент, а во Собранието на Република Македонија во тој мандатен период беше претседател на Законодаво-правната комисија, а беше активен член и во други комисии и помошни тела на Собранието. 
     
Член и активист на ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Партија за македонски национално единство) е уште од нејзиното основање. Произлегува од ВМРО-вско семејство.

  

Click