Работни тела



 

                                                                 Сулејмани Ризван
 
 


    
 
   
  




Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП). 
      
   Член на Собранието на партискиот огранок во Скопје. Член на Конференцијата и Централното собрание на ПДП и претседател на огранокот на ПДП за општина Карпош, Скопје. Член на парламентарната делегација на Собранието на РМ во НАТО. Член на парламентарната група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска.
     
  
   Роден 1957 година во с. Лубин, Скопје, РМ. Албанец. Завршил Електротехнички факултет, насока автоматика. Работел како инженер по автоматика во Секторот за проектирање и развој, а потоа и како раководител на Компјутерскиот центар во претпријатието "Шар" Генерал Јанковиќ, Косово, СРЈ. Бил професор во Гимназијата "Зеф Љуш Марку" во Скопје. Последно вработување му е како републички трудов инспектор при Министерството за труд и социјална политика. Се служи со англискиот и турскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во претходниот мандат од 1996 до 1998 година. Живее во Скопје.

Click