Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


                                                                

                                                             Зибери Насер
 
 


    
 
  
  



Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП).
     
  
   Претседател на огранокот на ПДП во општина Карпош, Скопје од 1990 до 1994 година. Генерален секретар на ПДП од 1994 до 1998 година. Член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на РМ. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Бил потпретседател на Владата на Република Македонија од 1996 до 1998 година и министер за труд и социјална политика.
     
  
   Роден 1961 година во с. Ласкарци, Скопје, РМ. Албанец. Завршил Правен факултет. Извесен период работел и како новинар во дневниот весник на албански јазик "Фљака". Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник на ПДП во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во с. Ласкарци, Скопје.