Реџаил Исмаили
Член на ДУИ. Роден на 2.11.1966 година во с. Слупчане, Липково. Албанец. Дипломиран земјоделски инженер, Земјоделски факултет, Приштина.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, претседател
- Комисија за локална самоуправа, заменик-претседател
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
- Комисија за економски прашања, заменик-член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член
Е-пошта: r.ismaili@sobranie.mk