Работни тела

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања



Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата:

- го следи спроведувањето на Деловникот на Собранието и на деловниците на работните тела и дава мислење за разрешување на спорни прашања;

- ги разгледува иницијативите за изменување на деловниците;

- дава иницијативи за изменување и дополнување на деловниците;

- го разгледува извештајот на Државната изборна комисија за резултатите од изборите и на Собранието му поднесува извештај, со предлог за верификација на мандатите;

- ги разгледува основите за престанок на мандатот на пратеник и за тоа на Собранието му поднесува извештај;

- ги разгледува прашањата што се однесуваат на имунитетот на пратениците, судиите и јавниот обвинител и неговите заменици и

- разгледува други деловнички прашања во врска со мандатно-имунитетните права.


Претседател: Невеновски Горан 
 

        Членови: Пандов Александар 
                         Тодоровски Павле 
                         Спасов Ѓорѓи 
                         Билали Мерсел 
                         Бошков Јордан 
                         Стојановски Томислав  
                         Кадриу Назми 
                         Митевски Драган 
 
Click