Комисија за здравство Комисијата за здравство има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
- здравствената заштита на населението;
- здравственото осигурување;
- заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења и бучавата, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните производи;
- хигиенско-епидемиолошката состојба;
- производството, прометот и снабдувањето со лекови, помошните лековити средства и медицинските помагала, медицинска опрема, санитетски уреди и материјали, отрови и опојни дроги;
- санитарниот и здравствениот надзор и
- други прашања што се однесуваат на здравството.
Претседател:
Јованов Никола Членови:
Јорданова Марика Киров Митко Ристовски Ненад Ристески Љубче Стојменов Златко Таири Мухамед Ковачески Стојан Антова Велевска Магдалена Стојковски Благој Положани Азис