Работни тела

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство 



Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

-земјоделското земјиште, шумите, пасиштата и другите природни богатства и природни сили;

-арондацијата, комасацијата и мелиорацијата;

-сточарството, полјоделството, овоштарството и лозарството;

-ловот и риболовот;

-животинскиот и растителниот свет;

-ветеринарно здравство и заштита на растенијата;

-премерот и катастарот на земјиштето;

-употребата и користењето на водите и одобрувањето на режимот на водите;

-хидромелиоративните системи и хидрометеоролошки работи и

-други прашања што се однесуваат на земјоделството, шумарството и водостопанството.


Претседател: Сибиновски Борче 
 

        Членови: Черкезов Миланчо 
                         Трајков Горанчо 
                         Гарчевски Слободан 
                         Баткоски Димитар 
                         Тодоровски Павле 
                         Етеми Фатмир 
                         Бузлевски Димитар 
                         Стојановски Наќе 
                         Иванов Мирко 
                         Харуни Сејфедин
 
Click