Комисија за европски прашања
документ
Е-пошта: kep@sobranie.mk
КОСАК (COSAC)
КОСАП (COSAP)
Комисијата за европски прашања е основана со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија (Службен весник број 30/2003 година), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 18 април 2003 година.
Првиот персонален состав на Комисијата за европски прашања е утврден со Одлука на Собранието на Република Македонија од 20.10.2003 година, а својата прва конститутивна седница ја одржа на 24.11.2003 година
Комисијата има претседател, 12 членови и нивни заменици.
Со Одлуката за изменување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија број 86/2005"), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата оддржана на 6 октомври 2005 година извршена е измена на надлежностите на Комисијата.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- следење на спроведувањето на Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европската унија и редовно го известува Собранието за нејзиното спроведување;
- следење на исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Република Македонија и Европската унија и остварување на програмите и другите акти на институциите на Европската унија, вклучувајќи ги и програмите за финансиска помош;
- следење и поттикнување на процесот на усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската унија, како и предлага мерки за унапредување на постапките за усогласување, дава мислења и предлози за активностите на другите работни тела на Собранието и го насочува нивното внимание на прашања сврзани со приемот на Република Македонија во членство во Европската унија;
- следење на активностите на Владата и органите на државната управа во врска со приемот на Република Македонија во членство во Европската унија и во врска со нив дава мислења и препораки;
- анализирање на последиците од пристапување на Република Македонија во членство во Европската унија и подготвува извештаи во врска со истите;
- редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со европската интеграција, вклучително и преку собирање информации, литература и други документи поврзани со Европската унија;
- предлагање и остварување на активности насочени кон информирање на јавноста за процесите на европската интеграција;
- соработка со соодветните комисии на другите земји и
- разгледување на други прашања во врска со европската интеграција и приемот на Република Македонија во членство во Европската унија.
Претседател: КАРОЛИНА РИСТОВА
Заменик на претседателот: ЈУСУФ АРИФИ
Членови: АНА АНДОВА
ТОМЕ ТРОМБЕВ
ИВАН СТОИЛКОВИЌ
НЕЛКО СТОЈАНОСКИ
СЛОБОДАН ЧАШУЛЕ
ГАНКА САМОИЛОВСКА ЦВЕТАНОВА
САШКО КЕДЕВ
ЗОРАН КРСТЕВСКИ
ЗАМИР ДИКА
СЕМИЈАЛ ХАСАНИ
Заменици на членовите: ЌЕНАН ХАСИПИ
ЦВЕТАНКА ГАШОСКА
БЛАГОЈА ГЕШОСКИ
РИСТЕ БИСЛИМОВСКИ
ЦВЕТЛЕ ЈАНЕСКА
ПЕТАР АПОСТОЛОВ
ЉУПЧО БАЛКОВСКИ
СИЛВАНА БОНЕВА
САШО БОГДАНОСКИ
ЏЕВДЕТ НАСУФИ
РИСТАНА ЛАЛЧЕВСКА
СИЛВИЕ САЛИУ