Комисија за култура
Е-пошта: k-kultura@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- организацијата, развојот и унапредувањето на културата;
- заштита на природното и културното наследство во Република Македонија;
- збогатување на историското и уметничкото творештво;
- афирмирање и заштита на врвни културни вредности;
- афирмација и заштита на авторството и авторското право;
- дејности за заштита и користење на движно и недвижно културно богатство;
- издавачка дејност и библиотекарство;
- споменично одбележување и заштита на спомениците на културата;
- употреба и заштита на македонскиот јазик;
- информирање, културни и други дејности заради изразување на идентитетот и особеностите на заедниците;
- определување годишнини на настани и личности од посебно значење за државно-правниот развој на Републиката, афирмација на историското и културното наследство и негување на општо цивилизациските вредности;
- начинот и формите на одбележување на значајни настани и личности;
- активностите на посебни одбори формирани за одделни одбележувања и
- други прашања што се однесуваат на културата и одбележувањето годишнини на значајни настани и личности.
Претседател: КИРО ДОЈЧИНОВСКИ
Заменик на претседателот: НАТАША БИКОВСКА
Членови: КОСТА ПРЕШОСКИ
АЦО СПАСЕВСКИ
ЦВЕТАНКА ГАШОСКА
ГАНКА САМОИЛОВСКА ЦВЕТАНОВА
МИХАЈЛО ГЕОРГИЕВСКИ
ЌЕНАН ХАСИПИ
ФАЗЛИ ВЕЛИУ
НАЗЛИЕ ДАУТИ
РОЗА ТОПУЗОВА-КАРЕВСКА
ЗУДИ ЏЕЛИЛИ
Заменици на членовите: АНА АНДОВА
КОСТА ПРЕШОСКИ
СИЛВАНА БОНЕВА
БЛАЖЕ СТОЈАНОСКИ
ТАСИМ СУЛЕЈМАНОСКИ
ТЕУТА АРИФИ
НАЗМИ БЕЌИРИ
НЕЛКО СТОЈАНОСКИ
РУЖДИ МАТОШИ
ДРАГАН ЃОРЃИЕВ