Комисија за еднакви можности на жените и мажите
документи
Е-пошта: kem@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата разгледува прашања што се однесуваат на:
- разгледување на предлози на закони и други прописи што ги донесува Собранието од областа на трудот и социјалната политика, образованието и здравството, како и други предлози на закони и други прописи од аспект на вклученоста на родовиот концепт во нив;
- разгледување на предлог на Националниот план за акција за еднакви можности на жените и мажите;
- следење на усвојувањето и примената на основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;
- следење на системот на мерки за отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика ;
- иницирање на донесување и изменување на закони и други прописи од областа на еднаквите можности на жените и мажите;
- поттикнување на соработката меѓу надлежните органи за прашања кои се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите;
- редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со еднаквите можности на жените и мажите;
- соработката со соодветните комисии на другите земји и
- други прашања што се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите.
Претседател: ПОПОВСКА ЛИЛЈАНА
Заменик на претседателот: БОНЕВА СИЛВАНА
Членови: ДИМЕСКА КАТЕРИНА
ИВАНОВСКА ЈАГОТКА
НИКОЛОСКИ АЛЕКСАНДАР
КУНОВСКА ЈАГНУЛА
СЕЛМАНИ ЕЛМАЗЕ
ИВАНОВА ЦВЕТАНКА
НИКОЛОВ МАРЈАНЧО
БЕНДЕВСКА ВЕСНА
САЛИУ СЕЛВИЈЕ
СЕЛМАНИ АЈШЕ
Заменици на членовите: ЃОРЃИЕВСКИ ВЕЛЕ
ДАМЕСКИ ПАНЧЕ
ГЕЛОВА СТОЈАНОВА СОЊА
СЕКУЛОВСКА МИРЈАНА
ИБИШИ ХАЗБИЈЕ
ФИЛИПОВА ВЕРИЦА
РАХИЌ ЕСАД
СТОИЛКОВИЌ ИВАН
БУЏАКУ АГРОН
ЈАКУПИ ЗИМРЕТЕ