Комисија за локална самоуправа
Е-пошта: k.samouprava@sobranie.mk
Комисијата има претседател, дванаесет членови и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- локалната самоуправа;
- територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија;
- следењето на развојот и мерките за унапредување на локалната самоуправа;
- следењето на состојбата на територијалната организација и на стандардите за големината, населението и потребите на локалната самоуправа;
- следењето на системот, политиката, мерките и инструментите за остварување порамномерен регионален развој;
- воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на локалната самоуправа и
- следење на остварувањето и користењето на средствата наменети за рамномерен регионален развој.