СПМ

 

 

 

 

 

Владанка Авировиќ

 

Член на СПМ. Родена на 22.1.1954 во Скопје. Македонка. Дипломиран економист, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје.

 

Активности во Собранието:

  • Комисија за економски прашања, заменик-претседател
  • Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член

 

 

 

 

 

Љупчо Димовски

 

Член на СПМ. Роден на 9.4.1959 во Велес. Македонец. Дипломиран економист, Економски факултет, УКИМ.

 

Активности во Собранието:

  • Комисија за економски прашања, претседател
  • Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член

 

 

 

 

 

Стојан Миланов

 

Член на СПМ. Роден на 14.2.1948 во с.Тополовик. Македонец. Дипломирал на ПМФ - Биологија.


Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член 
  • Комисија за економски прашања, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
Click