Даниела Иротова-Лазарева
Родена на 4.4.1974 година во Скопје. Македонка. Дипломиран инженер по општо шумарство, Факултет за шумарство и дрвна индустрија „Кирил и Методиј“ - Скопје. Магистрант на катедрата за „Управување со сливните подрачја и природните непогоди (земјиште и вода) во шумските екосистеми“ на Шумарскиот факултет при универзитетот„Кирил и Методиј“- Скопје. Говори англиски и основно познавање на германски јазик.
Активности во Собранието:
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство, заменик-член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член