Васко Пашовски
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 8.1.1974 година во Свети Николе. Македонец. Дипломиран машински инженер, термотехника и термоенергетика, Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
- Делегација на Собрание на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член
Е-пошта: v.pasovski@sobranie.mk