АЛЕКСАНДАР ФЛОРОВСКИ 

 

БЛАЖЕ СТОЈАНОСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1966 година во Прилеп, Р. Македонија. Завршил Правен факултет. Работел како раководител на правниот сектор во КСМ "Солидарност", и на правната служба на Општина Прилеп , директор на АД "ЕСМ" - подружница Прилеп. Живее во Прилеп
     




ДРАГО ШАЈНОСКИ

 



  
 


     
 
   
Член на ВМРО- НП. Роден 1949 година во Охрид, Р. Македонија. Македонец. Работел во АД "Емо" Охрид. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Охрид.



  
                                                            ЃОРЃИ ОРОВЧАНЕЦ
  
 


    
 
  

 


   Член на ВМРО-НП. Роден 1951 година во Прилеп, Р. Македонија. Македонец. Доктор на медицински науки. Доцент на Медицински факултет. Бил директор на О.Р.Л. Клиники и Министер за здравство. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.



     
  

ЃОРЃИ ТРЕНДАФИЛОВ

 

 






   
Роден 1970 година во Велес.Во 1993 година дипломирал философија на Институтот по философија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

  • 2005 година портпарол на РИШ на ВМРО-НП;
  • 2004 година пратеник во Собранието на Република Македонија;
  • 2001 - 2002 година портпарол на ВМРО;
  • 1999 - 2001 година портпарол на Министерството за одбрана;
  • Од 1990 член на ВМРО.


 

ЖАРКО КАРАЏОСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1962 година во Прилеп, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет, со положен правосуден испит. Работел како правен референт и раководител на општ сектор, од 1995-1998 како адвокат. Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието. Живее во Прилеп.
     



                                                                                             

                                                      ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ 
  

 

 

 

 


Член на ВМРО-НП. Роден 1966 г. во Штип, РМ. Македонец. Има завршено Филолошки факултет-компаративна книжевност. Претседател на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање во 1990 година до мај 2003 година. Во 1991 г. бил потпретседател на претседателот на Република Македонија. Од 1992 до 1994 бил пратеник во Собранието на Република Македонија, 1998-2002 претседател на Владата на Република Македонија. Добро знае англиски. Живее во Скопје.
                                                                                                            
  
   



 

ЉУПЧО БАЛКОВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1966 година во Струга, Р.Македонија. Македонец. Завршил Архитектонски факултет. Работел во Министерството за урбанизам и градежништво. Бил министер за транспорт и врски. Се служи со англиски и руски јазик. Живее во Скопје.



 

МАРИЈА КОЈЗЕКЛИСКА

 







   
 
Член на ВМРО- НП. Родена 1965 година во Штип, Р. Македонија. Македонка. Висока школска подготовка.
Била раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Штип. Живее во Штип.



 

РИСТО ПЕЈОСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1949 г. во Битола, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел како доктор по општа медицина, потоа специјалист по општа хирургија и урологија. Живее во Велес.



 

СЛОБОДАН ЧАШУЛЕ

 

 

 

 

 

Роден 1945 г. во Скопје, РМ. Македонец. Филолог. Бил министер за надворешни работи, републички советник, директор на НИП “Нова Македонија“ и главен уредник на “Македонско Радио“. Колумнист и уредник на “ Дневник “, дописник од Латинска Америка на УПИ и Танјуг, уредник на ТВ Скопје, основач на ТВ Скопје. Добро зборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Живее во Скопје.



 

СПИРО МАВРОВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1957 година во Свидница, Р.Полска. Македонец. Завршил Технолошки факултет. Работел како помошник директор за производство во РЕК Битола. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Битола.
     



 

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ

 

 

 



Член на ВМРО-НП. Роден 1956 година во Куманово, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Управа за јавни приходи, во П.П. "Јурис" и како адвокат во Куманово. Бил пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот парламентарен состав. Се служи со англиски јазик. Живее во Куманово.

Click