2009



21 ноември 2009 година

СОВЕТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Советот на Европската унија на 20 ноември 2009 година усвои пропис за дополнување на правната рамка за козметичките производи на внатрешниот пазар на Унијата.

Прописот ги обединува постојните 55 директиви во една единствена регулатива, ги поедноставува процедурите што се однесуваат на продажбата и безбедноста на козметиката. Ова правило ќе претставува заеднички европски законик за козметички производи, ќе придонесе за намалување на неизвесноста од различната имплементација на претходните директиви во земјите-членки.

За европските компании кои се лидери на пазарот за козметика, ова правилото ќе овозможи подинамично спроведување на процедурите, како и намалување на административните бариери и трошоци.

Единствената примена на правилата е во интерес на потрошувачите, за подобра координацијата на надзорот над активностите на пазарот и за зајакнување на одговорностите на економските оператори во поглед на обезбедување на повисоко ниво на заштита на потрошувачите.

 

 

Click